
Се трага по 34-годишно лице од Кавадарци, последен пат забележано во с. Пласница!
На 30.12.2023 во 15.32 часот во СВР Битола, Е.В. пријавил дека од домот се оддалечил неговиот брат Х.В.(34) од Кавадарци.
Според пријавеното, последен пат тој бил забележан во с.Пласница.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
