Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Се таложат проблемите на Барселона: Реми против Гранада, повреда на Кунде… (ВИДЕО)
Спорт

Се таложат проблемите на Барселона: Реми против Гранада, повреда на Кунде… (ВИДЕО)

08/10/2023

AA

Барселона направи уште еден кикс во домашното првенство откако денеска ремизираше (2-2) на гостувањето кај претпоследниот тим на табелата во Ла Лига, Гранада.

Најдобрата одбрана во Европа од минатата сезона повторно изгледаше како група граѓани и среќа е што дополнително не се тресеше мрежата на Тер Штеген. Првиот гол падна по само 16 секунди игра откако една грешка на средината на теренот, ја казни Брајан Сарагоса. Истиот играч зголеми на 2-0 во 29. минута, а овојпат си поигра како со мало дете со Жил Кунде.

Французинот се повреди неколку минути подоцна, но остана во игра до финишот на полувремето кога на негово место влезе Араухо. Тој е петти фудбалер на Барселона кој се наоѓа на листата на повредени играчи, по Педри, Де Јонг, Рафиња и Левандовски.

Ламин Јамал со својот прв гол во кариерата намали на 1-2 во судиското продолжение, а Сержи Роберто спаси бод за Барса на пет минути пред крајот на основните 90. Во судиското продолжение гол постигна и Жоао Феликс, но тој беше поништен поради офсајд во кој се најде друг фудбалер на Барселона. Како последица на ова реми, Барселона оди на двонеделна пауза со три бода негатива во однос на Реал Мадрид иако пред три кола се наоѓаше во водство.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy