
СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот
Се судрија возови во Белград, а има и повредени.
Во подземниот тунел меѓу Вуков споменик и мостот Панчевац во Белград во 18 часот и 30 минути се судриле патнички и товарен воз, пренесува Н1.
Властите информираат дека до судирот на товарниот и патничкиот воз дошло во тунелот на длабочина од 400 метри од влезот кај мостот Панчевац. На местото на настанот се 17 пожарникари со пет возила, полиција и екипи на итната помош.
Од Итната помош за Танјуг потврдија дека дошло до судир и дека на терен се испратени сите расположливи екипи, но уште нема прецизни информации за бројот на повредени и нивната состојба.
