
Се стресе Романија, делови од Србија, но и во Македонија имаше земјотрес
Земјотрес од 5 степени по Рихтер вечерва по 19 часот ја погоди Романија, a потресот e почувствуван и во Белград.
Епицентарот бил во близина на градот Арад, на длабочина од девет километри.
И во март годинава земјотрес кој се случи на романско тло ја стресе Србија.
Слаб земјотрес од 2.3 степени денеска имало во Берово. Епицентарот бил на 4 километри од градот.