
Се степале во кафеана во с.Никуштак, а потоа еден од нив бил избоден со нож!
На 29.09.2023 во 13.13 часот во СВР Куманово било пријавено дека во угостителски објект во с.Никуштак, кумановско, по претходна вербална расправија помеѓу А.З.(29) од Куманово, од една страна и С.К.(32) од с.Орланци, Арачиново и А.Д.(36) од с.Черкези, кумановско, од друга страна, С.К. се здобил со повреда од остар предмет.
Со лицата е извршен службен разговор во полициска станица и по комплетно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
