Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СЕ СТАБИЛИЗИРА АВИОСООБРАЌАЈОТ ВО СКОПЈЕ Реализирани 27 лета, откажани 8, пренасочен е 1 авион
Македонија

СЕ СТАБИЛИЗИРА АВИОСООБРАЌАЈОТ ВО СКОПЈЕ Реализирани 27 лета, откажани 8, пренасочен е 1 авион

22/12/2025

AA

Авиосообраќајот се стабилизира, реализирани се 27 лета, откажани се вкупно 8 лета во пристигнување и заминување, а пренасочен е 1 лет, соопшти ТАВ Македонија.

Од 20 часот, вчера, 21 декември 2025 година до 12 часот напладне денеска, 22 декември 2025 година, на Меѓународниот аеродром Скопје, поради намалена видливост предизвикана од магла, откажани се 3 лета во пристигнување од Белград, Истанбул и од Истанбул – Сабиха Гокчен (презакажан за 23.12.2205), пренасочен е 1 лет во пристигнување од Франкфурт-Хан, откажани се 5 лета во заминување за Цирих, Белград, Атина, Истанбул, Истанбул – Сабиха Гокчен (презакажан за 23.12.2205).

Сите останати, 27 летови слетаа и полетаа, односно пристигнаа и заминаа согласно планираниот ред на летање на Меѓународниот Аеродром Скопје за наведениот период (од 20 часот, 21 декември 2025 година до 12 часот напладне денеска).

– Со оглед на тоа што временските услови се менуваат постојано и секоја авиокомпанија согласно своите интерни процедури има свој праг на толеранција за слетување и полетување при намалена видливост, повторно апелираме до сите патници да ги следат информациите и насоките за нивните летови кои ги добиваат од авиокомпанија со која треба да патуваат – повторуваат од ТАВ Македонија.

Оттаму ја известуваат јавноста и патниците дека сите капацитети на Меѓународниот Аеродром Скопје се во функција и аеродромот е отворен за авиосообраќај.

– Нашиот персонал, со нашата аеродромска опрема и аеродромски системи работат 24/7 и се подготвени да ги услужат и авионите и патниците. Промените во редовниот распоред на летање, се ажурираат на нашата веб-страница во реално време https://skp.airports.com.mk/, како што ни стигнуваат од авиокомпаниите. Доколку патниците имаат дополнителни прашања за нивниот лет можат да се обратат на пултот за информации во терминалната зграда или на телефонскиот број: +389 2 3148 333 – велат од ТАВ Македонија.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Сиљановска до Спиропали: Македонскиот пат кон ЕУ стана „исцрпувачки маратон“

22/12/2025
Македонија

МВР ИМА ДУРИ 50,3% ДОВЕРБА КАЈ ГРАЃАНИТЕ Институција која има

22/12/2025
Македонија

Македонија трета во Европа по убиства на жени – пред

22/12/2025
Македонија

Сообраќајно олеснување пред празниците: Пуштена во употреба клучката кај Подмоље

22/12/2025
Македонија

Дурмиши: Минималната плата ќе се усогласува законски и одржливо

22/12/2025
Македонија

РАБОТЕВМЕ БЕЗ ПЛАТА, А ПРИМААТ НАДВОРЕШЕН КАДАР Хонорарците на улица

22/12/2025
Македонија

Здравствените работници од тетовската болница на протест: Обвинуваат за неправеден

22/12/2025
Македонија

Гоце Седлоски – нов селектор на фудбалската репрезентација на Македонија

22/12/2025
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 39303
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Сиљановска до Спиропали: Македонскиот пат кон ЕУ стана „исцрпувачки маратон“ – билатерализацијата е опасен преседан

22/12/2025

„По 20 години кандидатски статус, македонскиот пристапен процес стана исцрпувачки маратон со постојано одложување на целта“. Оваа порака ја испрати

МВР ИМА ДУРИ 50,3% ДОВЕРБА КАЈ ГРАЃАНИТЕ Институција која има најголема доверба за справување со

22/12/2025

Значајно се зголемила довербата на граѓаните во работата на Министерството за внатрешни работи (МВР), покажува Извештајот за процена на корупцијата

Македонија трета во Европа по убиства на жени – пред нас се само Летонија и

22/12/2025

Македонија се најде високо на европската „црна листа“ кога станува збор за фемицид – убиство на жени од страна на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy