Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СЕ СПРЕМА НОВО ПОКАЧУВАЊЕ НА ЦЕНИТЕ: Летово ќе пиеме поскапо кафе
Економија

СЕ СПРЕМА НОВО ПОКАЧУВАЊЕ НА ЦЕНИТЕ: Летово ќе пиеме поскапо кафе

10/02/2025

AA

Угостителите
велат дека поради светските цени на кафето и во земјава омилениот напиток на
многу Македонци ќе биде поскап. Наскоро ќе има нови цени. Она што е сигурно е
дека и во македонските туристички центри, летово ќе пиеме поскапо кафе.

Во Охрид ќе пиете
еспресо за 100 денари, макијато за 120
денари и нес кафе за 160 денари. Во некои локали може да се најдат за нијанса
пониски, но и повисоки цени. На атрактивните локации со убав поглед на езерото и
цените се повисоки.

„Сега брзо
немавме корекција на цени, но можно е во лето да имаме нови цени, повисоки“,
додаваат од охридско кафуле.

Во Струга еспресото
чини од 50 до 70-80 денари, макијатото најчесто е 80 денари, а нес кафе има за 80
денари.

„Кафето од кај
што го набавувам од 280 денари за килограм сега ќе чини 1.200 денари. Што
поскоро ќе има покачување на цените, инаку со овие цени не се издржува“, додава
сопственик на кафуле во Струга.

Во Скопје, на периферија еспресото може да ве чини 80 денари, за макијатото ќе треба да платите 90 денари, а нес кафе се наоѓа и за 100 денари, но, на атрактивните локации во центарот на градот, цените се повисоки исто како како тие во Охрид.

Во Берово,
еспресото чини 50 денари, макијатото е 60, а несот е 70 денари. Се очекува за
брзо време да има поскапување. Угостителите велат дека сега е мртов период,
нема многу гости, но за некој месец, ќе има и нови цени.

Во Дојран,
еспресото чини од 60 до 80 денари, макијатото е од 80 до 100 денари, а несот се
продаваше од 90 до 120 денари. 
Ова лето се очекува поскапување, а дел од кафулињата работат само во
сезоната.

Во Крушево,
еспресото чини 60 денари, макијатото е 70 денари, а несот е 80 денари. Би
требало од идната недела да има нови, повисоки цени според угостителите.

Но, и во
маркетите цените на кафето се повисоки, како и на какаото. Цените на
какаото и кафето се
зголемија за околу 180 отсто и 70 отсто, соодветно, во 2024 година, поради прекините на синџирот на снабдување, неповолните
временски услови и растечката глобална побарувачка. Кафето сега има висока цена каква немало претходно.

Неповолните временски
услови во главните земји кои произведуваат кафе, како Бразил и Виетнам, доведоа до поскапувањата. Бразил, најголемиот производител на кафе
Арабика, имаше  суши и шумски пожари во критичните региони
како Сао Паоло. Во меѓувреме, Виетнам, водечки производител на кафе Робуста,
доживеа долги суши, што доведе до ниски
нивоа на влага во почвата. Дополнително
на притисоците од страната на понудата се зголемува глобалната побарувачка за
кафе, особено на големите пазари како Кина.

Сања Атанасовска

foto freepik.com/valeria_aksakova

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy