Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Се роди првото бебе во 2023 година во општина Зрновци
Македонија

Се роди првото бебе во 2023 година во општина Зрновци

05/10/2023

AA

Жителите на општина Зрновци конечно го дочекаа првото новороденче во 2023 година.

На акушерското одделение при Општата болница со проширена дејност во Кочани се роди здраво машко бебе, како петта рожба во семејството на Тања и Горан Атанасови, кои веќе имаат четири сина.

Градоначалникот на Зрновци Борчо Коцев денеска ги посети новороденчето и мајката во болницата, им врачи цвеќе и подароци и најави голема помош и поддршка за семејството.

-Изразувам огромна благодарност до раководниот и акушерскиот медицински тим во болницата што овозможија породувањето да помине во најдобар ред.

Со оглед што се работи за многудетно семејство во социјален ризик, нашата локална самоуправа, заедно со детската градинка „Бисерчиња“, ќе даде максимална поддршка.

Бебето, кое ќе го носи името Мартин, ќе добие бесплатен петгодишен престој во градинката, потоа вредносен ваучер во висина од 50 илјади денари за потребните набавки од аптеките, а ќе спроведеме и процедура за доделување градежна парцела од 500 квадратни метри за изградба на нов дом за семејството.

Четирите братчиња на новороденчето, кои се ученици во ОУ „Синиша Стоилов“ ќе добијат парична стипендија, истакна градоначалникот Коцев.

Породувањето го извршил единствениот гинеколог со кој во моментот располага кочанската болница, а бебето се родило со тежина од околу 3,5 килограми и должина од 50 сантиметри.

-Имаше спонтано пораѓање што го извршивме заедно со дежурните акушерки, новороденчето беше со добар апгар тест, го прегледа педијатар и ја следи неговата здравствена состојба.

Наскоро мајката и бебето ќе бидат пуштени дома, истакна Илчо Атанасовски, специјалист по гинекологија и акушерство во Општата болница.

Од раководството на Општата болница во Кочани го честитаа раѓањето на новиот жител на Зрновци и најавија дека се работи на кадровско подобрување и зајакнување на одделот за гинекологија и акушерство.

Во средината на идната година се очекува враќање од специјализација на четири гинеколози.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy