
Се разгледува можноста за евакуација на македонските граѓани од ОАЕ!
Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби известува дека е во постојана комуникација со властите во Обединетите Арапски Емирати и Султанатот Оман со цел да им излезе во пресрет на македонските граѓани затекнати во овој регион. Како една од опциите за евакуација во моментов се разгледува можноста за репатријација на нашите државјани преку копнената граница со Оман.
Во однос на воздушниот сообраќај, по нападите од Иран, од аеродромите во Абу Даби и Дубаи беше реализиран само ограничен број летови со кои беа евакуирани патниците затекнати во транзитните зони. Амбасадата продолжува со напорите да организира дополнителни летови за евакуација веднаш штом се добијат официјални дозволи дека воздушниот простор над ОАЕ е безбеден за летање.
Се повикуваат сите заинтересирани лица веднаш да се пријават во македонското претставништво во Абу Даби на дежурниот телефонски број +971 56 441 7532 или преку е-маил адресата abudabi@mfa.gov.mk.
