Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „СЕ РАЗБУДИВ НА ПАРКИНГ, РЕЧИСИ ЗАДУШЕНА“: Сведоштвото на Сара за пеколот во „Пулс“ ги отвори старите рани
Македонија

„СЕ РАЗБУДИВ НА ПАРКИНГ, РЕЧИСИ ЗАДУШЕНА“: Сведоштвото на Сара за пеколот во „Пулс“ ги отвори старите рани

05/02/2026

AA

Дваесетгодишната Сара Велинова, која пред само една година била дел од ведрото мнозинство на концертот на групата „ДНК“, денеска застана пред судот за да го опише моментот кога забавата се претворила во смртоносна стапица.

Нејзиното сведочење е клучен дел од мозаикот со кој Обвинителството се обидува да докаже дека дискотеката „Пулс“ била небезбедна по повеќе основи.

Сара, со видлива вознемиреност, пред судијката Дијана Груевска-Илиевска раскажа како ентериерот на дискотеката бил фатален за присутните.

Таа потврди дека по реновирањето, плафонот над бината бил значително спуштен, точно над местото каде што биле поставени огнените прскалки (пиротехниката).

„Се онесвестив додека траеше хаосот. Се разбудив надвор, на паркингот, речиси целосно задушена“, изјави таа.

На прашањето дали некој од вработените или обезбедувањето помогнал во евакуацијата, Сара беше децидна – додека барала спас кон единствениот излез, не видела никого кој дава насоки за движење.

Нејзиното сведочење се поклопува со исказите на претходните сведоци, што кај адвокатите на одбраната предизвика сомнеж за „инструирани сведоци“.

На ваквите обвинувања, судијката остро одговори: „Како што вие си ги спремате вашите клиенти, така и Обвинителството има право да ги спрема своите предлагани сведоци“.

За Сара и останатите преживеани, трагедијата не завршила на 16-ти март. Покрај траумите, тие сè уште се борат со здравствени компликации предизвикани од вдишувањето на густиот црн чад.

И по една година, секое соочување со вистината во судницата е болно, особено кога судењето се прекинува поради „здравствени причини“ на обвинетите, додека жртвите и нивните семејства секојдневно живеат со трајни последици.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy