
Се растура шампионскиот тим: Реал помирен со заминувањето на Хезоња
Во европскиот шампион се веќе помирени со заминувањето на хрватскиот ас кој беше еден од најзаслужните за ланската титула во Евролигата. Хезоња ги одбил сите понуди за продолжување на соработката затоа што не бил задоволен од финансиските услови, но и од својата улога во тимот.
Неофицијално, искусниот крилен играч има понуда од Панатинаикос за вкупно 6 милиони евра во период од три години. Познато е дека тој е еден од омилените играчи на атинскиот клуб и сите со нетрпение очекуваат тој да се врати во ПАО.
