Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Се подготвува новата Национална стратегија за консолидација на земјиште 2022-2030 година
Македонија

Се подготвува новата Национална стратегија за консолидација на земјиште 2022-2030 година

25/04/2023

AA

Во Еуроп хаус (Europe House) денеска беше означен почетокот на подготовката на новата Национална стратегија за консолидација на земјиште 2022-2030 година во рамките на проектот финансиран од Европската Унија „Унапредување на консолидацијата на земјиштето во Северна Македонија“. Проектот е ко-финансиран и спроведуван од Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите нации (ФАО), во тесна соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ).

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски изјави дека за нив е од стратешка важност оваа определба на Владата, на Министерството, на институциите, заедно со поддршка на Европската Унија, на ФАО којшто е имплементатор, за да се придонесе во решавање на проблемите поврзани со расцепканоста на структурата на земјоделското земјиште и малата површина на земјоделските стопанства.

Токму затоа во овие години, тоа било еден од нивните сериозни приоритети.

– Значајни се достигнувањата во овој дел. Се воспостави правната, институционална рамка за консолидација на земјиштето, обезбедувајќи основа за спроведување на националната програма за консолидација. Капацитетите за спроведување на консолидација се зајакнаа преку системско надградување и вклучени страни. На национално ниво беа направени напори за подигнување на свеста за консолидација на земјиштето на земјоделците помеѓу сите засегнати страни на терен, со што се подобри и разбирањето за придобивките од реализацијата на консолидацијата во подрачјата. Беа поставени основите за финансиско и стратешко планирање за консолидацијата на земјиштето, обезбедувајќи ефикасно планирање и распределба на ресурсите за спроведување на овие проекти. И на крај, како најзначајно, успешно спроведовме на терен, проекти за консолидација на земјиштето коишто се видливи, коишто се опипливи и коишто земјоделците на терен ги чувствуваат и придобивките за тоа, бевме сведоци преку сите наши теренски посети што ги имаме, истакна министерот.

Николовски додаде дека има значително намалување на расцепканоста на земјишните парцели, нивно окрупнување во девет подрачја во државата каде се изготвиле планови за консолидација со поддршка на овој проект.

На настанот, преку видео линк, се обрати заменикот регионален претставник на ФАО за Европа и Централна Азија (ФАО РЕУ), Набил Ганги.

– Задоволство ми е да бидам дел од овој значаен настан во Скопје, додека го започнуваме процесот на изработка на нова стратегија за консолидација на земјиштето во Северна Македонија во наредните години, нагласи Ганги.

Беа презентирани и клучни достигнувања на Националната стратегија за консолидација на земјиштето 2012-2020 година и научените лекции од претходниот стратешки период, кои ќе бидат основа за развој на новата стратегија за консолидација на земјиштето 2022-2030 година.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy