
Се појавија лажни страни на скопскиот аеродром, се шират информации за продажба на изгубен багаж!
Од ТАВ Македонија предупредуваат дека се појавиле нови лажни Фејсбук страници и профили, а преку нив и линкови на веб-страници.
Како што велат, преку истите се шират невистинити информации за наводна продажба на изгубен багаж во име на Меѓународниот аеродром Скопје, односно аеродромскиот оператор ТАВ Македонија.
„Апелираме до сите вас да бидете внимателни, особено кога од вас се бара да внесете лични податоци и детали од трансакциски сметки, што може да бидат злоупотребени. ТАВ Македонија како сериозна и одговорна компанија која се грижи за своите клиенти, ги презема сите достапни правни мерки во врска со овие лажни објави“, велат од таму.