Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СЕ ПЛАШИМЕ ДА ОДИМЕ НА УЧИЛИШТЕ: Фактор меѓу учениците во Србија
Регион

СЕ ПЛАШИМЕ ДА ОДИМЕ НА УЧИЛИШТЕ: Фактор меѓу учениците во Србија

05/05/2023

AA

Учениците од училиштата во Србија денес не беа на училиште. Наместо настава, сите се упатија кон црквите, каде, секое училиште со свој венец, им одаде почит на починатите соученици и чуварот. Се палеа свеќи, а се одржуваше и литургија во спомен на починатите.

Во некои општини, вработените во црквите дури и им даваа совети на учениците.

– Пред воопшто и да помислите да направите нешто такво, запрашајте се дали Исус Христос би го направил тоа. Размислете за последиците што би произлегле од тоа. Воопшто да не ве интересира друштвото во кое што сте и што другите мислат за вас. Бидете умни и паметни – го поучувал свештеник од една од белградските цркви.

Учениците натажени но и исплашени, а при палењето свеќи, на една ученичка и се слошило, но за среќа, брзата помош била тука веднаш да помогне.

Младите велат дека веќе се плашат за своите животи.

– Се плашам да одам на училиште. Секој ден одам со страв, бидејќи ова излезе од контрола. Не знам на кого да му прозборам, не знам како ќе изреагира. Навистина мора да се воведе ред. Тажни сме, исплашени, лути… Измешани ни се емоциите – вели Тамара Јовановиќ, од Белград.

Од возрасните со кои екипата на „Фактор“ разговараше, велат дека се разочарани заради ваквата ситуација, тажни заради неможноста да се спречи, но и лути затоа што сите колективно паднале на испитот едуцирање на младите.

– Ова е разочарувачки. Да знаеш дека млади деца крвнички би убивале е поразувачки за нас како држава. Сите потфрливме – вели пензионер кој сакаше да остане анонимен.

Во Србија е тридневна жалост, заради убиството на девет лица кои младиот Коста К. ладнокрвно ги уби во училиштето и воопшто не се покаја за тоа.

Д.Т.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

РЕГИСТРИРАН ЗЕМЈОТРЕС ОД 3,3 РИХТЕРОВИ СТЕПЕНИ Епицентарот бил во близина

24/09/2026
Македонија

СРЕДБА МИЦКОСКИ-ВУЧИЌ ВО ЊУЈОРК Разговори за унапредување на соработката

24/09/2026
Македонија

ЗАВРШИ ВРЕМЕТО НА ВРАБОТУВАЊЕ САМО ПО ЕТНИЧКИ КЛУЧ Министерот Минчев

24/09/2026
Македонија

КРВАВ ИНЦИДЕНТ ВО СКОПЈЕ Со остар предмет нападнал сосед, неговата

24/09/2026
Македонија

МИЦКОСКИ НА КОМЕМОРАЦИЈА НА ТЕРОРИСТИЧКИТЕ НАПАДИ ВО ЊУЈОРК Марк Руте

24/09/2026
Македонија

ДИРЕКТНА ЛИНИЈА СКОПЈЕ-ДУБАИ ОД МАРТ В ГОДИНА Министерот Николоски за

24/09/2026
Македонија

НА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ИМ СЕ ИСПЛАТЕНИ 105,8 МИЛИОНИ ЕВРА, 90% ОД

24/09/2026
Македонија

СО ДАТА-ЦЕНТРИТЕ ОЧЕКУВАМЕ СТРАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ ОД 500 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Министерот

24/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45787
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

РЕГИСТРИРАН ЗЕМЈОТРЕС ОД 3,3 РИХТЕРОВИ СТЕПЕНИ Епицентарот бил во близина на Битола

24/09/2026

Вечерва во 22:18 часот по локално време, во југозападниот дел на Македонија е регистриран земјотрес со магнитуда од 3,3 степени

СРЕДБА МИЦКОСКИ-ВУЧИЌ ВО ЊУЈОРК Разговори за унапредување на соработката

24/09/2026

Премиерот Христијан Мицкоски во Њујорк остварил средба со српскиот претседател Александар Вучиќ. – Остварив средба со претседателот на Република Србија,

ЗАВРШИ ВРЕМЕТО НА ВРАБОТУВАЊЕ САМО ПО ЕТНИЧКИ КЛУЧ Министерот Минчев ветува мерит систем, каде знаењето

24/09/2026

Заврши времето кога само етничката припадност беше услов за добивање работно место во јавниот сектор, а новиот закон за правична

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy