Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Се плаќа повеќе за автомобил со вратена километража и регистриран цела година:  Се исплати ли да се купи или продаде половен автомобил во Македонија
Македонија

Се плаќа повеќе за автомобил со вратена километража и регистриран цела година: Се исплати ли да се купи или продаде половен автомобил во Македонија

21/04/2024

AA

Во Македонија пазарот на автомобили изобилува со голема понуда на половни возила кои имаат поголема вредност само поради добриот маркетинг и триковите на трговците отколку поради квалитетот во однос на годината и цената.

Купувачите честопати не разликуваат дали продавачот е само сопственик на возилото кое го гледаат или прекупувач кој заработува на разликата во цената што ја платил и цената што ја добил при продажба.

На најголемите огласници како „реклама5.мк“, „пазар3.мк“ , „Вози.мк“ како и во групите на Фејсбук кои бројат по стотина илјади членови, врие од стари возила од најмалку 15 години кои немаат „поминато“ ниту 200.000 километри.

– Продавав „бмв“ со оригинални 400.000 километри од 2005 година. Купувач ми вели, па има еве и понови возила од 2008 година со 180.000 километри. Тоа се возила на кои им се враќа километражата за да постигнат малку подобра цена од 200 до 400 евра. Јас одлучив да не мамам на пазарот, но тоа ме чинеше 400 евра помалку кога го продадов автомобилот. На возилото му истекуваше и регистрацијата, па некои купувачи бараа да им дадам дополнителен попуст и за тоа.

Тоа се купувачи кои бараат автомобил кој е штотуку регистриран. Го купуваат и го возат една година, па го продаваат пред истекот на регистрацијата затоа што не сакаат да вложат ниту денар. Тие никогаш не купуваат од автоплац затоа што треба да ги регистрираат автомобилите – вели скопјанецот Тони кој своето „бмв 3“ го продаде за 2.000 евра.

Некои граѓани се подготвени да купат автомобил стар 10 години и да го платат во кеш. Убедени се дека добро поминале, бидејќи е увезен од Швајцарија, а поминал само 150.000 километри, каросеријата е во добра состојба. Меѓутоа, дали купувањето користен автомобил е добра одлука, само автомеханичар знае.

„Кога ќе ја видам километражата околу 150.000 километри на возило старо 12-15 години од увезено од земја во која годишно во просек се минуваат по 20.000 километри, првото нешто што ми паѓа на памет е дека километражата е вратена. Потоа го отвораме капачето за масло да видиме дали е фатено бело или не, капачето за вода да видиме дали има емулзија или не, ја мериме компресијата“, вели автомеханичар од скопската населба Илинден.

Половни автомобили во Македонија најчесто се увезуваат од Швајцарија, Германија, Белгија и Италија. Но, цените се за 20 до 30 проценти повисоки отколку пред пандемијата. Поради се поскапите кредити во последните неколку години, граѓаните се повеќе плаќаат во готово.

„Клучна е цената на автомобилот, потоа состојбата на лимаријата, до каде е возен, дали е удрен, во каква состојба се виталните делови, каков мотор и менувач има, Кој разбира, доаѓа и гледа, ако му се допаѓа кола, купува“, вели Ивица, сопственик на плац за автомобили кои ги носи директно од лизинг од Франција.
Голем број од семејствата денес можат да си дозволат само по еден автомобил, а поради ограничениот буџет, се одлучуваат да купат веќе користен. За многу помалку пари од новиот можете да се купи навистина добар половен автомобил.

На што треба да внимавате кога купивате половен автомобил?

Изгледот на каросеријата и внатрешноста на возилото за вистинските познавачи на автомобили често може да биде доволен знак какво е возилото. Автомобилот може на прв поглед да изгледа како гланц нов, но стручните лица знаат како да утврдат дали истиот бил оштетен и колку. Доколку се нееднакви растојанијата на школката на автомобилот, меѓу вратите и хаубата тоа е сигурен знак дека автомобилот бил хаварисан и дека некои негови делови на неговата каросерија се сменети можеби и по неколку пати.

Преглед на каросеријата подразбира, разгледување на камуфлираните и корозирани делови. Задолжително треба да се отвори гепекот, да се подигне тапацирот и да се види делот покрај резервното тркало, каде најчесто се приметуваат деформитетите настанати од заден удар. Заблуда е автомобил стар пет години да нема ниедна гребнатинка.

Истрошеноста на педалите секогаш говори дека возилото е многу возено. Освен тоа облогата на воланот може да биде излижана. Тоа укажува на фактот дека автомобилот е возен во градски услови. Повеќе изминати илјади километри во градско возење секогаш има последици на состојбата на моторот, отколку поминатите километри на отворено. Гребаници на возачката врата укажува на фактот дека возилото е користено пак на кратки дестинации.

Вистинските познавачи на возила обрнуваат внимание на изгледот на пневматиците. Доколку гумите се истрошени повеќе на едната страна, значи дека трапот не е центриран. Исто така на основа на гумите може да се утврди и веродостојноста на километражникот.

Со староста на автомобилот паѓа и неговата цена на пазарот. Со тоа и заработката од продажба на возилото. Секогаш треба да се внимава дали за истата сума пари може да се најде иста марка со поново годиште на производство.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy