
Се огласи српската полиција по киднапирањето на Кајмакоски – се трага по две лица!
Министерството за внатрешни работи на Србија соопшти дека полицијата трага по двајца мажи кои се сомничат за киднапирање на македонскиот пејач Даниел Кајмакоски, посочувајќи дека пејачот, кој бил пронајден со врзани раце, е згрижен.
Како што се наведува, по полициска потера, возилото во кое две засега непознати лица, со закана со нож и огнено оружје, го киднапирале Д. К. (1983), било запрено на територијата на општина Рума.
Киднапираниот бил затекнат во возилото со врзани раце, додека киднаперите успеале да го напуштат автомобилот и да се оддалечат во непознат правец.
Од МВР исто така посочуваат дека киднапирањето се случило во утринските часови во Белград и дека киднаперите од пејачот изнудувале пари.

