
Се огласи претседателот Пендаровски за секс-скандалот, итно се враќа македонскиот амбасадор од Јапонија
Од Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски за 4news.mk информираат дека амбасадорот Горан Цеков е отповикан од функцијата амбасадор во Јапонија, акредитиран и за Република Кореа.
Согласно информациите, одлуката е на барање на Владата на Република Северна Македонија, а согласно Законот за надворешни работи.
Прричината поради која се отповикува е сексуално вознемирување, но од Кабинетот за повеќе детали не упатија во МНР.
„Во однос на поведената процедура за неговото предвремено отповикување, како и причините за истата, ве упатуваме за повеќе детали да се обратите во Министерството за надворешни работи“, велат од таму.