
Се огласи најголемиот производител на пченица во Македонија: Понудените цени на млинарите ќе доведат до колапс
Најголемиот производител на пченица во Македонија, ЗК Пелагонија АД Битола, преку јавноста се огласи со реакција до млинарите дека најавениот откуп од само 9,10 и 11 денари по килограм ќе доведе до колапс на производителите на жито.
„Во услови кога сточното брашно има цена од 12 денари за килограм, несватлива
и нереална е најавата од млиновите во Македонија дека пченицата од годинешната реколта ќе
ја откупуваат по цена од 9, 10 и 11 денари. Ваквата цена е нереално ниска и ќе
доведе до колапс на домашниот сектор за производство на жито.
Ваквата откупна ценаќе доведе до загуба на производителите на пченица,
а загубата кај примарното производство значи загуба и во
следната година. Земјоделецот нема да има средства за набавка на потребните
репроматеријали за финансирање на следна реколта, што значително ќе се одрази и
на квантитетот и квалитетот на идното производство“, реагира земјоделскиот комбинат.
Од таму велат дека со години наназад целокупното производство го предаваат на македонските млинови поддржувајќи го македонското производство
на брашно, но и дека овој пат ниту државните субвенции нема да помогнат да се извлече позитивно салдо.
„Имено, ако се знае дека при преработка на 1000т
пченица, се добиваат 300 тони сточно брачно, 330 тони брашно ТИП 500 и 370
тони брашно ТИП 400 и ако на тоа се додадат трошоци за преработка на пченица и
тоа за електрична енергија,амбалажа, работна рака, како и остварување на добивка, пресметките покажуваат дека откупната цена пченицата треба да изнесува 14,42ден./кг.
Споредбено со
цените на светскиот пазар и во соседството, откупната цена напченицата на
светската берза МАТИФ изнесува 232,75 евра за тон, а во Србијаизнесува 195 евра за
тон, плус од 35 до 40 евра за превоз, односно цената со испоракаво Македонија чини
најмалку 230 евра за тон, односно 14,20 ден./кг што значи дека и набавката на
пченица од Србија во моментов изнесува многу повеќеод бараните цени на
млиновите во Македонија.
Со оглед на сето претходно наведено, сакаме да укажеме дека здружувањето намлинарите со цврст став да ја откупуваат пченицата по ниски цени, нема
никаквареална
основа земајќи ги во предвид сите пазарни услови и воопшто нема никаковфер однос кон
производителите на пченица.
Доколку се дозволат бараните нереално прениски
цени од млинарите, тоа ќе
доведе до загуба на производителите и прашање е само колку
истата ќе изнесува, односно далидоколку се обезбеди одредена финансиска помош од
страна на државата, ќе се
успее да се дојде до позитивна нула“, се додава во соопштението на ЗК Пелагонија.
Од таму дополнуваат дека пченицата е стратешки производ за
Македонија, и дека нарушувањето на балансот на пазарот на пченица повлекува
негативни последици врз целокупното стопанство и економските текови на државата.
