Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СЕ ОГЛАСИ МЕПСО ЗА ПРЕНОСНИОТ СИСТЕМ: Засега не постојат никакви ризици по стабилноста
Економија

СЕ ОГЛАСИ МЕПСО ЗА ПРЕНОСНИОТ СИСТЕМ: Засега не постојат никакви ризици по стабилноста

01/05/2025

AA

Засега не постојат никакви ризици по стабилноста на преносната мрежа во државата. Електроенергетскиот систем е стабилен, сигурен и под 24-часовен мониторинг на регионалните текови на електрична енергија, од страна на Националниот диспечерски центар при АД МЕПСО. Сите параметри на преносната мрежа се во рамки на нормалата и до овој момент немаше потреба од активирање на мерките кои ги одобри Регулаторната комисија за енергетика, соопшти  АД МЕПСО.

Според вчерашната Одлука на РКЕ, АД МЕПСО како оператор на електропреносниот систем може во периодот од 1 мај до 31 октомври да преземе привремени и строго контролирани мерки само доколку постои реална опасност по стабилноста на системот.

Тоа вклучува можност за исклучување на производители на електрична енергија приклучени на преносната или дистрибутивната мрежа. На исклучените производители нема да им се пресметуваат отстапувањата, а повластените производители нема да бидат засегнати од ваквите мерки.

-Овие времени мерки се стандардни, превентивни мерки усогласени со ENTSO-E ( Европска мрежа на оператори на преносните системи на електрична енергија) и се применуваат во исклучителни ситуации, кога производството на електрична енергија од фотоволтаици е поголемо од потрошувачката, поради неопходноста од одржување на фреквенцијата на ЕЕС и  регулирање на евентуалниот дебаланс. Целта е јасна, одржување сигурен, стабилен и доверлив енергетски систем во кој обновливите извори на енергија се управуваат одговорно и безбедно, соопшти АД МЕПСО.

Посочува дека останува посветен на безбедноста и сигурноста на електроенергетскиот систем, во интерес на сите потрошувачи и учесници на пазарот на електрична енергија.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy