
СЕ ОГЛАСИ И ЦУК: Упатени екипи на автопатот Скопје – Велес – колони возила, заглавени автомобили со цели семејства!
На телефонскиот број за итни случаи 112 во ЦУК има дојава за одрон на делницат на автопатот Скопје – Велес, кај Бензинската „Детоил Ветерско 9“.
ФОТО: Целосно затворен автопатот Скопје – Велес поради одрон
Од Секторот за операции и координација во ЦУК се известени Регионалниот ЦУК Велес од каде што има известување дека полицијата е на лице место.
ВИДЕО: Одрон на автопатот Скопје – Велес, целосно затворен сообраќајот
Паралелно со оваа активност оперативците ги известуваат надлежните институции за итната ситуација, конкретно Јавното претпријатие за одржување на патиштата и Македонија пат.
ВИДЕО: Хаос на автопатот Скопје – Велес – блокирани автомобили со цели семејства, камиони…!
Во комуникација со раководството на јавните претпријатија, дознаваме дека во моментот две екипи од Скопје и од Велес се упатени на местото на настанот.
ЕКСКЛУЗИВНО ВИДЕО: Еве како изгледа свлечиштето кое го затвори автопатот Скопје – Велес
