Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СЕ ОГЛАСИЈА ОД „МАКСТИЛ“ КОИ ИМААТ ЗА ЗЕМАЊЕ 4,2 МИЛИОНИ ЕВРА ОД СОЛИДАРНИОТ ДАНОК: Подготвени сме да разговараме за враќање на рати
Економија

СЕ ОГЛАСИЈА ОД „МАКСТИЛ“ КОИ ИМААТ ЗА ЗЕМАЊЕ 4,2 МИЛИОНИ ЕВРА ОД СОЛИДАРНИОТ ДАНОК: Подготвени сме да разговараме за враќање на рати

12/02/2025

AA

Компанијата Макстил, која плати највисок износ убедливио на солидарен данок, на сума од 4,2 милиони евра, се огласи околу околу фактот што Уставниот суд го поништи тоа законско решение, а според кое би требало Владата да им ги врати наплатените пари на компаниите. 

Од компанијата, барем според она што е наведено во нивното јавно соопштение, би можело да се заклучи дека тие се подготвени да ги добијат средствата дури и на рати, со оглед што велатр дека се подготвени да „разговараат за динамиката и точниот модалитет на враќање на средствата“.

„Макстил ја поздравува одлуката
на Уставниот суд со која се поништува Законот за солидарен данок, оценувајќи
дека оваа одлука е важен чекор во зачувувањето на правната сигурност и
предвидливоста на деловното опкружување во Северна Македонија“, велат на стартот од компанијата.

„Како општествено одговорна компанија, Макстил е подготвена на
разговори со Владата со цел да се најдат одржливи решенија кои нема да имаат
негативни импликации врз бизнис-секторот и економскиот развој на државата. Согласно
законските можности и рокови, Макстил ќе го започне процесот за барање за
поврат на средствата исплатени за солидарниот данок. Дополнително,
Макстил е подготвен да ги договори со Владата и Министерството за финансии,
динамиката и точниот модалитет на враќање на средствата. Сметаме дека секоја
одлука што излегува надвор од законските рамки, како што беше
случајот со солидарниот данок, има значителни последици врз финансиската
стабилност и буџетските политики, како и врз довербата на компаниите во
институциите.

Во овој контекст, Макстил верува дека е неопходен структуриран и
транспарентен дијалог помеѓу Владата и бизнис-заедницата за да се изнајдат
ефективни мерки за поддршка на јавните финансии, без да се наруши стабилноста
на стопанството и инвестициската клима во земјата.

Остануваме посветени на одржливото работење, поддршката на економскиот
раст и конструктивната соработка со институциите за креирање на стабилни и
предвидливи економски политики“, се вели во соопштението од компанијата.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Од Охридско езеро извлечено тело на 46-годишен маж од Грузија

13/08/2026
Македонија

Скопјанец си го пронашол починат сопствениот син!

13/08/2026
Македонија

Трагедија во Аеродром: Работник почина откако го прегазил виљушкар кој

13/08/2026
Македонија

МНР: Нема официјална бројка за евакуирани македонски државјани од пожарите

13/08/2026
Македонија

Ангелов: Спречена е голема катастрофа во село Лознани, но опасноста

13/08/2026
Македонија

Полицијата со детали: 13 лица споделувале лажни вести за водата

13/08/2026
Македонија

Секој плаќа за себе: Wolt ја воведе функцијата Split Payments

13/08/2026
Македонија

АЛАРМАНТЕН ПОРАСТ: Регистрирани 26 случаи на Западно-нилска треска – ова

13/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45010
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Од Охридско езеро извлечено тело на 46-годишен маж од Грузија

13/08/2026

На 12.08.2026 во 14:32 часот во СВР Охрид е пријавено дека од водите на Охридско езеро, кај Пештани, било извлечено

Скопјанец си го пронашол починат сопствениот син!

13/08/2026

Денеска (13.08.2026) во 12:02 часот во СВР Скопје, А.А.(71) од Скопје пријави дека околу 09:00 часот во семејниот дом го

Трагедија во Аеродром: Работник почина откако го прегазил виљушкар кој сам се придвижил

13/08/2026

На 12.08.2026 околу 12:25 часот во СВР Скопје, од Итна медицинска помош е пријавено дека во круг на фирма на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy