
Се одложуваат завршните зборови за модуларната болница во Тетово
Повторно се одложи рочиштето за модуларната болница во Тетово.
Имено, на денешното рочиште требаше да се дадат завршните зборови на обвинителството и одбраната.
Одложувањето е поради влошена здравствена состојба на еден од обвинетите, поранешниот директор на Клиничката болница во Тетово, Флорин Бесими.
Неговиот адвокат го извести судијата Јордан Велков дека имал висока температура и треска, па не можел да присуствува на денешното рочиште, а за неговата здравствена состојба поднесе и лекарска документација.
Судијата го прифати образложението на адвокатот на Бесими и го презакажа давањето на завршните зборови за 10 мај.
