Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Се одбележа Ден на жените во дипломатијата
Македонија

Се одбележа Ден на жените во дипломатијата

21/07/2023

AA

Заменик министерката за надворешни работи, Фатмире Исаки, заедно со канцеларијата на UN Women во Северна Македонија, организираа настан по повод Денот на жените во дипломатијата.

ЗМНР Исаки во својот говор истакна дека бројот на жените во дипломатијата или на жените на лидерски позиции, не е задоволувачка.

“Нe треба да молчиме, ниту да се задоволуваме со сите отстапки во овој домен, кои се повеќе на линијата на политичка коректност отколку суштинска промена на реалноста. Мора да реагираме на стереотипите и дискриминацијата. И уште повеќе: да се бориме за суштинска и одржлива рамноправност. Одејќи по својот пат, покажуваме иницијатива, одговорност и лидерство, истакнувајќи се во својата област”, рече ЗМНР Исаки.

Заменик министерката се осврна и на нејзиното лично искуство како жена во дипломатијата. “Од 2020 година, откако сум назначена на функцијата ЗМНР, можам да потврдам дека сум имала искуство да запознам и да работам со исклучително способни, надарени и професионални жени дипломатки, кои се максимално посветени и неуморно работат на промовирање на државата и спроведување на надворешната политика. Тие дадоа активен придонес оваа држава да стане земја членка на НАТО, кандидат за членство во ЕУ и угледен член на меѓународната заедница. Тие се инспирација и за мене, и токму поради тоа донесов одлука, како ЗМНР, лично да се ангажирам на подобрување на состојбата во овој домен и да го промовирам значењето и придонесот на жените во дипломатијата”, рече Исаки, додавајќи дека ќе продолжи да се залага за еднаквост на жените во дипломатијата со уверение дека жените се динамични лидери на промените и нивното учество е фундаментално за демократското владеење.

“Дипломатијата е како лична карта за една земја. Во глобални рамки мажите доминираат во надворешната политика, што значи дека 50% од населението, односно жените, немаат глас кога се носат одлуки. Сите ние треба да допринесеме кон одржливи промени и постигнување на еднаквост и рамноправност помеѓу мажите и жените, во сите сфери на животот, и во дипломатијата. Ние, во UN Women, се гордееме со работата што ја работиме секој ден за унапредување на положбата на сите жените и девојчиња во земјава, и го поздравуваме партнерството со МНР; продолжуваме заеднички, посветено да работиме на ова поле,” истакна раководителката на канцеларијата на UN Women во Северна Македонија, Весна Ивановиќ-Кастаред.

За придонесот на жените во дипломатијата во панел дискусијата свои обраќања имаа и државниот секретар во Министерството за надворешни работи, Филип Тосевски, амбасадорката на Северна Македонија во Република Косово, Шпреса Јусуфи, директорот на директоратот за мултилатерални односи во МНР, Пајо Авировиќ, директорката за НАТО, Катерина Ставревска и државната секретарка во Секретаријатот за европски прашања Дрита Абдиу – Халили.

На иницијатива на ЗМНР Фатмире Исаки, во 2021 година, МНР ја организираше првата Конференција за Жените во Дипломатијата, каде што истакнати домашни и странски панелистки имаа можност да информираат за својот пат во дипломатијата како и тешкотиите со кои се соочиле.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

В САБОТА OБЛАЧНО, В НЕДЕЛА 20 ЛИТРИ ДОЖД НА КВАДРАТЕН

09/10/2026
Македонија

3 ДРЖАВИ СЕ ЗДРУЖИЈА ЗА ПРЕСПА ДА ДОБИЕ ВЛЕЗ ВО

09/10/2026
Македонија

ВНУКОТ НА РУСКОСКА НЕМА КРЕДИБИЛИТЕТ ДА ЗБОРУВА ЗА ФФМ Стигнал

09/10/2026
Македонија

ВО СОЛУН ПРОРАБОТИ ЕДНА ОД НАЈГОЛЕМИТЕ БАТЕРИИ ЗА СКЛАДИРАЊЕ СТРУЈА

09/10/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА БАРА ГЕРМАНСКО ЗНАЕЊЕ И ТЕХНОЛОГИИ ЗА ЗДРАВСТВОТО Клековски разговараше

09/10/2026
Македонија

МОНСТРУМОТ ОД СТАРО НАГОРИЧАНЕ ОСУДЕН НА ДОЖИВОТЕН ЗАТВОР Бојковски е

09/10/2026
Македонија

МОНСТРУМОТ ОД СТАРО НАГОРИЧАНЕ ОСУДЕН НА ДОЖИВОТЕН ЗАТВОР Бојковски е

09/10/2026
Македонија

80 ГОДИНИ ОД ПРЕНЕСУВАЊЕТО НА КОСКИТЕ НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ВО

09/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46086
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

В САБОТА OБЛАЧНО, В НЕДЕЛА 20 ЛИТРИ ДОЖД НА КВАДРАТЕН МЕТАР Од вторник се очекува

09/10/2026

Утрото во сабота, 10 октомври, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне и во вечерните часови ќе има

3 ДРЖАВИ СЕ ЗДРУЖИЈА ЗА ПРЕСПА ДА ДОБИЕ ВЛЕЗ ВО УНЕСКО Македонија, Грција и Албанија

09/10/2026

Преспанскиот Регион би можел да се најде на Листата на светското наследство на УНЕСКО, откако Македонија, Грција и Албанија се

ВНУКОТ НА РУСКОСКА НЕМА КРЕДИБИЛИТЕТ ДА ЗБОРУВА ЗА ФФМ Стигнал до партиска функција благодарение на

09/10/2026

Внукот на поранешната обвинителка Вилма Русковска, Герасим Лазов, се најде на удар на ВМРО-ДПМНЕ откако јавно ги критикувал состојбите во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy