Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Се очекува Собранието вечерва да ги изгласа новите министри
Македонија

Се очекува Собранието вечерва да ги изгласа новите министри

27/02/2023

AA

По неколкучасовната расправа за избор на новите министри во Владата, Собранието беше на пауза до 20 часот, по што ќе продолжи расправата за реконструкција на Владата. За збор се пријавени уште четири пратеници, по што се очекува да се гласа за избор на новите министри.

Попладневната дебата помина во партиски препукувања, се сведе на тоа кој што направил додека бил на власт, а доминираа теми од економијата, земјоделството, здравството,… Пратениците зборуваа за „Скопје 2014“, стоковните резерви, инфлацијата, хакираните институции,…

ВМРО-ДПМНЕ повторно обвинуваше за корупција и криминал, констатирајќи дека реизборот на министри и владината реконструкција ќе резултира со „коалиција за спас на Артан Груби“, додека СДСМ, меѓу другото, се фокусира на имотите „вредни милиони“ кои се стекнуваат со професорски плати.

Според нејзиниот сопартиец Јован Јаулески, Арбен Таравари е заложник на Груби.

-Партијата слободно може да ви се преименува во Алијанса за Артан. Никаков интерес за вашите гласачи не остварувате и зошто некој би гласал за вас на наредните избори, рече Јаулески од ВМРО-ДПМНЕ.

Пратеничката на СДСМ Санела Шкријељ им порача на пратениците од ВМРО ДПМНЕ да го прашаат својот претседател како со професорска плата се стигнува до милионски имоти.

-Сите професори и наставници би сакале да знаат како со просечна професорска плата се стигнува до имоти од милионски суми и во Скопје и надвор од Скопје и како се стекнуваат бизниси кои вредат по 11 милиони евра, нагласи Шкријељ.

Во Собранието се дебатира за нови членови на Владата да бидат избрани Кренар Лога во ресорот правда, Фатмир Меџити во ресорот здравство, Азир Алиу во ресорот информатичко општество и администрација, како и Каја Шукова во ресорот животна средина и просторно планирање.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy