
СЕ НАОЃА ВО БОСНА: Ова е град на милионери
Живинице e град на милионерите, односно во овој босански град ги има многу повеќе од Берлин во Германија.
Информацијата дека во Живинице, град во Босна и Херцеговина, со нешто помалку од 60.000 жители, има повеќе од 150 милионери предизвика вистинска бура во јавноста, а ова место го нарекоа „градот на милионерите“.
Споменатиот портал претходно, истражувајќи ја вистинитоста на овие информации, дошол до информација дека во Живинице во 2022 година имало 110 фирми со приходи од над еден милион конвертибилни марки, од кои заклучиле дека е реално дека има повеќе од 150 милионери во градот вкупно.
Сега објавија нов податок. Според ажурираните информации, бројот на „милионски“ компании во Живинице се зголеми на 117 во 2023 година. Во исто време, многу од овие компании ги подобрија своите резултати – некои за неколку милиони, а некои за десетици милиони марки.
Вкупните приходи на овие компании, значи, значително се зголемија, како и бројот на оние кои го надминаа споменатиот износ во приходи.
Од сето тоа треба да се заклучи дека бројот на милионери во Живинице веројатно се зголемил за десетина граѓани кои минатата година се приклучиле на „клубот на милионерите“.
foto Wikipeda/Julian Nyča
