
СЕ НАМАЛИ ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО: Колку чини унцата сега?
Откако имаше раст, сега цената на златото доживува намалување. Цената на златото се намалува од рекордно високото ниво, но останува над 3.200 долари за унца.
Цената на златото денеска изнесува 3.223,12 долари за унца, а Голдман Сакс останува меѓу најоптимистичките големи банки во однос на златото. Голдман Сакс прогнозира дека златото ќе вреди 3.700 долари до крајот на 2025 година.
Цените на златото се намалија за 0,4 отсто од рекордно високо ниво од 3.245,42 долари за унца, откако американскиот претседател Доналд Трамп одлучи да ги ослободи паметните телефони и компјутерите од реципрочни царини.
Цената на златото се зголеми пред три години, кога Русија ја нападна Украина, но и потоа кога Хамас го нападна Израел во 2023 година.
