
СЕ НАДГРАДУВА СИСТЕМОТ Е-ПДД: УЈП со важно соопштение за граѓаните
Управата за јавни приходи(УЈП) ги информира даночните обврзници и корисниците на електронските услуги на системот е – Персонален данок, дека врши надградба на системот е – ПДД. Поради тоа системот ќе биде во прекин од петок (26 јануари) во 16 часот. Интервенцијата ќе се извршува за време на викендот, а по завршувањето на активностите УЈП навремено ќе информира.
„Ја известуваме јавноста дека поради овој процес за надградба на системот можни се и прекини во работењето на апликацијата МојДДВ. Ги замолуваме даночните обврзници и корисниците на услугите на УЈП да имаат разбирање додека трае надградбата на системот, бидејќи ќе овозможи поквалитетни услуги за крајните корисници“, се вели во соопштението од УЈП.
Поради вршење на надградбата и отежнато пријавување на даночните пријави преку системот е-Даноци, рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите се продолжува заклучно со понеделник.