
СЕ МЕНУВА РАСПОРЕДОТ НА ГЛОБАЛНАТА ЕКОНОМИЈА: Koja држава има најдобар паритет на куповната моќ?
Се менува распоредот на врвот на глобалната економија. Според Светска банка, Кина има најдобар паритет на куповната моќ.
Прва е Кина со 30.300 милијарди долари, на второ место се САД, а на трето Индија, додека зад нив следи Јапонија. И покрај сите санкции од Западот, руската економија се искачи на петтото место во овој извештај, веднаш над Германија. Во првите 10 се и Индонезија, Бразил, Франција и Обединетото Кралство, пренесува Каматица.
Аналитичарите на Светска банка тврдат дека до 2030 година првите пет држави ќе ги задржат своите позиции на листата на паритет на куповна моќ, како и дека ќе се намалат разликите меѓу Индија и САД и Русија и Јапонија. Русија е под санкции поради војната во Украина.