Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СЕ ЛИШУВААТ ОД ОДМОРИ, ДРУЖБИ, ОБРАЗОВАНИЕ: Сиромаштијата сериозно ги погодува луѓето во Македонија
Економија

СЕ ЛИШУВААТ ОД ОДМОРИ, ДРУЖБИ, ОБРАЗОВАНИЕ: Сиромаштијата сериозно ги погодува луѓето во Македонија

25/05/2025

AA

Во текот на животoт, поради сиромаштија, луѓето
се откажувале од одмори, дружби, а во некои случаи поради немање финансии,
останале нереализирани и нивните планови за дообразување. Најтешко е кога луѓето
имаат здравствен проблем, а немаат финансии за истиот навреме да го санираат. Според
истражувањата, од 25 до 30 отсто од македонското население е погодено од
енергетска сиромаштија. Над половина од Македонците
не можат да си дозволат годишен одмор во траење од една седмица,
покажува анализата на статистичкиот портал „Ландгеист“, базирана на податоци на
Евростат.

Направивме анкета
со граѓани и тие потврдуваат дека поради сиромаштија се одрекувале од многу
работи. Приоритет им било да имаат за храна, за сметки, за потребите на децата,
а нивните потреби биле во втор план.

„Сум била во
ситуација да си кратам за свои потреби. Не одев на одмор, штедев на гардероба
за да ги школувам децата. Паузата траеше 4 години, додека децата беа во средно
училиште, тогаш не одев на одмор. На многу работи сум си кратела“, рече Снежана Д.
граѓанка.

Друга жена вели
дека кај неа не се работи за 4 години, туку подолг период не заминала на одмор,
поради немање финансии.

„Не одев на
одмори подолго време. Доаѓаа некои кризи. Некое време бевме лишени од одмори.
Секогаш фалат финансии, но сепак мораме да ги пуштиме нозете колку ни е чергата, треба внимание со финансиите каде и како се трошат“, додава Гордана А.
граѓанка.

Некои луѓе велат
дека имало одрекувања поради сиромаштија, но не сакаат да зборуваат за тоа. 

„Моите родители
живеат на 120 километри од тука. Од еден град во Македонија, сум дошла да
живеам во друг. Само еднаш во три години одев да ги посетам родителите, затоа
што ако одев почесто, ќе немав пари за децата. Имам 61 година, досега не сум
отишла на одмор“, кажа Невенка П. граѓанка.

Социологот
Лилјана Полевска објаснува дека има многу случаи кога младите не успеале да
завршат високо образование поради ниските примања на семејството.

„Секако дека има
деца коишто не можат да си дозволат високо образование поради финансии. Кај нас
на Истокот ги гледам дека студентите веќе се во кафулињата, по цело лето работат
за да им олеснат на родителите. Тешко е, сиромаштијата си го прави своето“,
вели  Полевска.

Во 2022 година, стапката на сиромашни лица во Македонија била
22.9 отсто. 
Анализирано по типови домаќинства, стапката на сиромаштија на
домаќинствата составени од двајца возрасни со две издржувани деца во 2022
година е 27.2 отсто. Стапката на сиромашни вработени
лица е 8.9 отсто, додека стапката на сиромашни
пензионери е 9.9 отсто.  Во 2021 година, стапката на сиромашни била 23 отсто, објави Државниот завод за
статистика(ДЗС).  Во 2020 година, стапката на сиромашни лица во државата изнесуваше 21.8 отсто. Секое трето дете во Македонија според УНИЦЕФ живее
во сиромаштија.

Во 2024 година, според Евростат,  93,3 милиони луѓе во ЕУ биле изложени на ризик
од сиромаштија или социјална исклученост и ова е еквивалентно на 21 отсто од
населението на ЕУ.

Сања Атанасовска

foto freepik.com/jcomp

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy