
Се лади шампањот на „Бернабе“: Жирона загуби, Реал на +10 (ВИДЕО)
Малиот каталонски тим загуби на гостувањето кај Гетафе со 0-1 со што веројатно дефинитивно ги уништи сите сништа за сензационална титула во Ла Лига, но до крајот на сезоната ќе се обиде да се задржи во зоната која носи во Лигата на шампионите. Единствениот гол вечерва го постигна Сантијаго во 33. минута, подоцна Жирона имаше свои шанси за израмнување, но не ги искористи.
Со овој триумф Гетафе го обезбеди опстанокот во елитната конкуренција бидејќи на девет кола пред крајот има 16 бода предност пред 18-пласираниот Кадиз. Со евентуална победа во дербито со Атлетико, Барса може да се доближи на -8 во однос на Реал, но и тоа е огромна предност во овој период од сезоната.
