
Се излеа реката Зајашка во Кичево!
На ул. Прилепска во Кичево, дојде до излевање на реката Зајашка.
Екипи од Јавното претпријатие „Комуналец“ со градежни машини работи на расчистување на водата и изградба на насипи за да се спречи проширување на излевањето и да се заштитат околните куќи и имотот на граѓаните од потенцијална голема штета.
Другата екипа на ЈП Комуналец со градежна машина интервенира на запушен канал во населбата Иванидол.
Ситуацијата е под контрола и екипите продолжуваат со работата. Во случај на влошување на состојбата, ќе биде известена Дирекција за заштита и спасување (ДЗС).
