Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Се издаваат станови во малите градови, кириите се ниски, ама потстанари ни за лек
Економија

Се издаваат станови во малите градови, кириите се ниски, ама потстанари ни за лек

03/10/2023

AA

Со исклучок на
главниот град и неколку други поголеми градови во Македонија, во малите места
иако кириите се евтини, луѓето мака мачат да најдат потстанари.

Во Битола
изнајмување на гарсониера чини од 100 до 150 евра. Битолчани генерално немаат
некој посериозен проблем за наоѓање на потстанари.

„Јас веќе 23
години издавам гарсониера. Потстанари има од соседните градови, од Битола, но и
од Скопје доаѓале работници кои преку фирми работат тука. Доаѓаат и луѓе од
Ресен. Сè зависи од
местоположбата на градот“, вели Пеце Божиновски од Битола.

Во Ресен на
издавачите им е потешко да најдат потстанари, иако кириите се доста пониски.

„Кириите во Ресен
се пониски од Битола, но потстанари тешко наоѓаме затоа што Ресен се испразни.
Единствено за купување или изнајмување прашуваат Македонците од Пустец или Голо
Брод од Албанија. Во Ресен нема работа и не можеме да се споредуваме со Битола,
затоа што градот Битола е поголем, има повеќе училишта, факултети, фабрики“,
вели ресенчанка која поседува гарсониера.

Во Пехчево има
многу празни куќи и станови, но луѓето кои се тука под кирија се бројат на
прсти.

„Во градот има
2-3 фамилии кои се потстанари и тоа не се луѓе од други општини, туку се наши
жители и откако семејствата се проширија, сега се под кирија. Живеат во куќи
кои се од времето на социјализмот. Има многу куќи кои се продаваат, Пехчево се
празни. Има згради каде од 20 станови, 5 се празни“, вели жител на Пехчево.

Жители на
Македонска Каменица објаснуваат дека во градот стан под кирија се наоѓа за
4.000 денари, а како потстанари се случува да дојдат жители на околните села ако си
најдат работа во градот. Но, има и сопственици на станови кои со години немале
потстанар и сега размислуваат и да го продадат просторот. И пробиштипјани имаат
потешкотии да најдат потстанари. Неготинчанка вели дека имало интерес за
изнајмување простор за живеење од работници од другите градови кои работат на
проекти во нивната општина, но тоа било привремено, за еден месец.

Има
и случаи кога социјално загрозени граѓани живеат во куќи и станови на лица
кои се во странство, со цел да ги одржуваат живеалиштата и со обврска да ги плаќаат
сметките. Во Скопје ситуацијата е поинаква. Има голем избор на недвижен имот, но и побарувачка.

Сања Атанасовска

foto freepik.com/senivpetro

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy