Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Се избегнува да се зборува за трагедијата, но ја поддржувам иницијативата „Кочани 2030“, вели Иван Ивановски од Support Kocani
Македонија

„Се избегнува да се зборува за трагедијата, но ја поддржувам иницијативата „Кочани 2030“, вели Иван Ивановски од Support Kocani

07/06/2025

AA

Иван Ивановски од организацијата Support Kocani изјави дека тие се единствените што се нафатија да собираат донаторски средства за жртвите и блиските настрадани во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Според него, главната цел на организацијата е да се најде решение, а не да се бараат виновници.

„Па немаше кој друг, и ние се нафативме. Јас не барам виновници, туку решение. Видовме дека тоа е решението и на тоа се концентрираме. Гледате, во последниот период никого не напаѓаме, не сме во јавноста – се фокусираме на децата“, изјави Ивановски во емисијата Тема на денот на Сител ТВ.

Ивановски признава дека постои тишина околу темата „Кочани“, но ја поддржува иницијативата „Кочани 2030“ која, според него, може да донесе позитивни промени во градот.

„Не сите институции затајиле. Министерството за надворешни работи си ја заврши работата феноменално. Министерството за здравство можеше подобро да реагира, но докторите се вистински херои. Болницата во Кочани не може да се обвини – кој можеше да предвиди ваква катастрофа?“, додаде тој.

Тој потенцира и дека за иднината на градот е клучно да се инвестира во образованието и спортот.

„Треба да се обезбеди факултет во Кочани, како и културно-спортски содржини. Ако го оставиме градот вака, младите ќе си заминат. Веќе после тоа што се случи, младите не се гледаат себеси таму“, предупредува Ивановски.

Финансискиот аналитичар вели дека хуманоста кај народот е силна, а токму благодарение на поддршката од граѓаните, Support Kocani обезбедува специфична медицинска опрема за повредените, како еластични нараквици и скапи лепенки за изгореници.

„Нараквиците чинат од 500 до 3.000 евра и не се еднократни – се менуваат неколку пати. Лепенките се од 20 до 50 евра по парче, а ако некој има неколку изгореници, за секоја треба посебна лепенка. За еден пациент може да требаат и до 300 евра само за лепенки“, објаснува Ивановски.

Организацијата продолжува со активности и повикува на солидарност и долгорочна поддршка за сите погодени од трагедијата.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВИДЕО Благодатниот оган се појави во Светиот гроб во Ерусалим

11/04/2026
Македонија

ПРИТИСОК ВРЗ СОФИЈА ЗА НЕПРАВДАТА КОН МАКЕДОНЦИТЕ Во рок од

11/04/2026
Македонија

ПОЛИЦИЈАТА ЛОВЕШЕ БЕЗОБЅИРНИ ВОЗАЧИ Приведени двајца пијани и десетмина без

11/04/2026
Македонија

Три лица приведени за семејно насилство во последното деноноќие

11/04/2026
Македонија

ЦЕНИТЕ НА ГОРИВАТА ПАЃААТ Дизелот ќе се намали за 2,5

11/04/2026
Македонија

Приведени 12 возачи за безобѕирно управување возило – 10 возеле

11/04/2026
Македонија

Мицкоски најави поевтинување на горивата пред Велигден: Бензинот под 1,5,

11/04/2026
Македонија

Управувал возило со 3,18 промили алкохол во крвта – полицијата

11/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42381
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВИДЕО Благодатниот оган се појави во Светиот гроб во Ерусалим

11/04/2026

Во сите православни храмови денес владее празнична атмосфера, додека верниците го прославуваат Велигден – најголемиот и најрадосниот христијански празник, кој

ПРИТИСОК ВРЗ СОФИЈА ЗА НЕПРАВДАТА КОН МАКЕДОНЦИТЕ Во рок од 180 дена, Бугарија мора да

11/04/2026

Официјална Бугарија се соочува со притисок откако Комитетот за човекови права на Обединетите нации побара да му исплати оштета на

ПОЛИЦИЈАТА ЛОВЕШЕ БЕЗОБЅИРНИ ВОЗАЧИ Приведени двајца пијани и десетмина без дозвола

11/04/2026

Дванаесет возачи се приведени во изминатото деноноќие поради безобѕирно управување возило, при што најголемиот дел од нив биле зад волан

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy