Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Се истражува смртта на новородените близначиња од Прилеп
Македонија

Се истражува смртта на новородените близначиња од Прилеп

20/01/2025

AA

Јавниот обвинител при Основното јавно обвинителство во Прилеп, Стевчо Биноски, изјави дека чека наод од обдукцијата на новороденчињата, како и документација од болницата и службата за итна помош. По добивањето на овие податоци, ќе бидат побарани искази од сите засегнати страни.

Во меѓувреме, Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) презема вонреден инспекциски надзор во прилепската болница „Борка Талески“ за да ги утврди причините за смртта на машкото и женското бебе. Директорот на ДСЗИ, Кирил Лазов, информираше дека е издаден налог за проверка на сета релевантна документација поврзана со случајот. Според најавите, извештајот од инспекцијата ќе биде подготвен веќе утре.

Од Центарот за социјални работи соопштија дека нивна екипа повторно го посетила домот на младите родители во селото Славеј за да ја процени состојбата во домаќинството каде моментално се другите три деца на семејството.

Случајот започнал во четвртокот, кога родителите побарале итна медицинска помош бидејќи новороденчињата биле во тешка здравствена состојба. Машкото бебе починало во домот, додека девојчето, кое било во состојба на хипотермија, било итно пренесено во болницата. Таму, и покрај вложените напори за реанимација и затоплување, состојбата на бебето се влошувала и завршила со смрт истиот ден во 13 часот.

Основното јавно обвинителство, заедно со извештајот од инспекцискиот надзор, ќе продолжи да го истражува случајот за да се утврдат околностите и евентуалната одговорност.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy