Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Се гради повеќе: Лани завршени над 5.400 станови, најмногу во Скопје – порасна и бројот на издадени дозволи за градење
Македонија

Се гради повеќе: Лани завршени над 5.400 станови, најмногу во Скопје – порасна и бројот на издадени дозволи за градење

13/06/2025

AA

Минатата година деловните субјекти реализирале градежни работи во вредност од речиси 40 милијарди денари и изградиле 2.641 објект, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС). Во истиот период биле завршени 5.405 станови со вкупна површина од 348.720 квадратни метри, од кои 5.255 се во индивидуална сопственост. Просечната површина на еден стан изнесувала 64,5 метри квадратни.

Најинтензивно се градело во Скопскиот регион, каде се изградени 807 објекти и завршени 3.566 станови, што го потврдува континуираниот градежен бум во главниот град.

Во исто време, индивидуалните сопственици изградиле 1.978 објекти и завршиле 2.512 станови, со вкупна вредност на градежните работи од 14,4 милијарди денари. Просечната површина на овие станови е значително поголема – 118,1 квадратен метар. Од нив, 152 станови се сместени во викенд-куќи со вкупна површина од 12.879 квадратни метри. Најмногу индивидуални објекти се изградени во Полошкиот регион – 628.

Позитивниот градежен тренд продолжува и оваа година. Само во април 2025 се издадени 357 одобренија за градење – речиси 39% повеќе отколку во април 2024. Со овие одобренија е планирана изградба на 729 станови со вкупна површина од 60.833 квадратни метри. Најмногу нови станови се планирани во Скопскиот (266), Југозападниот (232) и Полошкиот регион (125).

Според структурата на издадените одобренија:

49,6% се однесуваат на објекти од високоградба

17,1% за објекти од нискоградба

33,3% за реконструкција

Во април е забележан и раст на вредноста на предвидените објекти – 6,3 милијарди денари, што е зголемување од 10,7% во споредба со истиот месец минатата година.

Како инвеститори се јавуваат физички лица во 43,1% од случаите, додека деловните субјекти се носители на 56,9% од издадените одобренија.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy