Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Сејф сити“ пред Уставен суд: Оформени два предмети!
Македонија

„Сејф сити“ пред Уставен суд: Оформени два предмети!

27/01/2026

AA

Уставниот суд оформи два предмета по поднесени иницијативи со кои се оспоруваат измените во Законот за прекршоци, поврзани со воспоставувањето на системот за електронски надзор во сообраќајот, познат како „Безбеден град“ (Safe City).

Иницијатива од Села, Даути и Азири (У.бр.25/2026) Првата иницијатива оспорува повеќе одредби од законот донесен на 23.01.2026 година, кои се однесуваат на дигиталната комуникација и јазичните права:

Подносителите сметаат дека е спорно наметнувањето законска обврска секој граѓанин да поседува мобилен телефон и електронска адреса за да може да прима известувања за прекршоци.

Во иницијативата се тврди дека системот не го почитува Уставот и Законот за употреба на јазиците, бидејќи не е предвидена двојазичност при електронската комуникација.

Се наведува дека граѓаните се ставени во неравноправна положба бидејќи системот се спроведува само во Скопје, Тетово и Куманово, со што, според подносителите, албанското население е ставено „под лупа“.

Иницијатива од Или Пачуку (У.бр.26/2026) Втората иницијатива се фокусира на територијалната селективност и нејасните критериуми за примена на системот:

Подносителот Или Пачуку тврди дека постои различен третман на граѓаните врз основа на географската локација, бидејќи идентични прекршоци во одредени градови се санкционираат автоматски преку електронски систем, додека во други делови од државата не подлежат на ист степен на контрола.

Спорна е и таканаречената „пилот-фаза“ на проектот, која според подносителот е временски неограничена и нејасна.

Се посочува дека не е познато по кои критериуми се избрани токму овие градови за примена на системот.

Од Уставниот суд информираат дека предметите се формирани поради поголем јавен интерес и новинарски прашања.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy