
„Се чувствува нова енергија во репрезентацијата, сакаме добар резултат против Италија“
Доријан Бабунски пред почетокот на подготовките кажа дека во репрезентацијата се чувствува нов енергија и очекува добар резултат против „аѕурите“.
„Италија е светска сила и мораме да бидеме подготвени. Очекувам да се претставиме во добро светло. Се надевам дека ќе собереме нова енергија и нема да ги повториме грешките од претходните натпревари. ќе дадеме сè од себе за добар резултат. Секој играч носи позитивна енергија, си помагаме еден на друг и можеме да оствариме добри резултати“, кажа Бабунски.
Избраниците на Благоја Милевски имаат три освоени бодови по три одиграни меча, колку што има Италија по два натпревари. Украина е втора со шест бода, а прва е Англија со 12 бодови.