Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СЕ БЛИЖИ КРАЈ НА ЕВТИНИТЕ ЛЕТОВИ, нова реалност во патувањата со Wizz Air, Ryanair, Easyjet, Vueling, Eurowings и Transavia
Економија

СЕ БЛИЖИ КРАЈ НА ЕВТИНИТЕ ЛЕТОВИ, нова реалност во патувањата со Wizz Air, Ryanair, Easyjet, Vueling, Eurowings и Transavia

18/04/2023

AA

Летните летови
меѓу Велика Британија и земјите од ЕУ годинава се за третина поскапи од лани,
но тоа не е моментална флуктуација, туку нова реалност во Европа поради се
построгите климатски регулативи.

Системот за
тргување со емисии на Европската унија (EU ETS) бара од авиокомпаниите да
купуваат поместувања на јаглеродот за секој метрички тон јаглерод диоксид што
го испуштаат во атмосферата, а овие правила важат за летовите што започнуваат и
завршуваат во Европската економска област, Велика Британија и Швајцарија.

Според сегашните
регулативи, авиокомпаниите добиваат околу половина од овие компензации
бесплатно, но овој договор завршува во 2026 година, пишува Bloomberg.

Почнувајќи од
2024 година, авиокомпаниите ќе плаќаат сè повеќе за јаглеродни отштети, а во
рок од три години нивните трошоци ќе се тројно зголемени.

Промените во EU
ETS ќе го намалат профитот на шесте главни нискобуџетни авиокомпании – Ryanair,
Easyjet, Wizz Air, Vueling, Eurowings и Transavia за 77 отсто, а тоа ќе доведе
до неизбежно зголемување на цените на билетите.

Воздухопловната
индустрија, која произведува 2,5 отсто од емисиите на јаглерод диоксид во
светот, според планот на ЕУ „Дестинација 2050“, ќе треба да се трансформира во
следните три децении за загадувањето да се сведе на нула.

За да се
постигнат овие цели, неопходни се инвестиции во инфраструктурата и авијацијата
на иднината, како и употреба на алтернативни горива и технологии кои го
отстрануваат јаглерод диоксидот. Трошоците за оваа транзиција се проценуваат на
огромни 820 милијарди евра до 2050 година. Поголемиот дел од технологијата на
која смета планот „Дестинација 2050“, како што се електрични или авиони на
водород, сè уште не може да се користи.

Има многу
непознати поврзани со оваа транзиција, но едно е сигурно: наредните децении ќе
бидат многу скапи и предизвикувачки за воздушниот сообраќај, заклучува
Блумберг.

ФОТО: EPA-EFE/MICHAEL BUHOLZER

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy