Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Се бара македонскиот јазик да се учи во северна Грција, на потег се грчките власти
Македонија

Се бара македонскиот јазик да се учи во северна Грција, на потег се грчките власти

10/02/2023

AA

Македонскиот јазик како изборен да се учи во северна Грција. Вакво барање има до грчките власти.

Центарот за македонски јазик во Грција упати барање до министерoт за образование и религија Ники Керамеос, за воведување на македонски стандарден јазик како изборен курс во основните и средните училишта во регионите на северна Грција. Тие побарале и средба во Министерството за да разговараат на оваа тема.


„Почитуван министер, Ви се обраќаме од Центарот за македонски јазик во Грција, невладина организација основана во 2022 година. Апликацијата на нашето здружение беше одобрена од Судот во Лерин на 28 јули 2022 година, а одлуката беше објавена во Судскиот билтен на 7 ноември 2022 година. Основна цел на Центарот е да го зачува и негува македонскиот јазик во Грција. Непознат е точниот број на македонски говорници во Грција, бидејќи докази за јазичната разновидност не се собираат во националниот попис. Сепак, македонскиот јазик традиционално се зборува (на разни степени) во многу градови и стотици села, околу дваесет општини во земјава. Според нашиот Статут, една од нашите главни цели е поддршка на идното воведување на македонскиот стандарден јазик како изборн курс во државните училишта (основни и средни) и на универзитетите во Грција, лоцирани во регионите на Западна Македонија, Централна Македонија и Источна Македонија и Тракија. Покрај тоа, го поддржуваме идното формирање на педагошки факултети/оддели на постоечките универзитети во Грција за образование на локални наставници по македонски јазик, како и наставните програми. Иако цениме дека можеби нема да биде можно да се олесни изучувањето на македонскиот јазик во секое село каде што се зборува, се надеваме на пилот програма барем по едно училиште во секоја од горенаведените подрачни единици каде ќе има изучување на македонскиот јазик понудени на студентите како изборен курс“, стои во писмото.

Златна зора во декември лани протестираше во Лерин против отворањето на новиот Центар за македонски јазик.


TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy