
Се бара Ени, последен пат е видена вчера во Илинден – доколку ја забележите, пријавете во полиција!
На социјалните мрежи кружи апел за пронаоѓање на девојка по име Ени.
Висока е 160см со тежина од 55 килограми. Бојата на косата е црвено/кафеава, и бојата на очите и е кафена. Носи протези на горната вилица.
Девојката е последен пат видена вчера наутро на бензиска во скопската населба Илинден.
На себе носи црни фармерки, црна јакна и ранец.
Доколку ја забележите, пријавете во најблиската полициска станица.