
Се јави Вучиќ: Го молам Јокиќ да игра на Олимписките игри
Во гостувањето на Радио телевизија Србија, тој призна дека не знае каква е одлуката на кошаркарот на Денвер Нагетс, но изрази надеж дека ќе биде со националниот тим.
„Јас него многу го сакам, многу го почитувам и него и неговото семејство и ако ова може да биде, ова е моја молба за него, да го прифати повиокот на селекторот. Канаѓаните ќе бидат многу силни, со Џамал Мареј и Шеј Гилџес Александер и ќе биде многу тешко со нив, но ако некој може да ги победи, тоа е само Србија“, порача Вучиќ.
Јокиќ одамна е во татковината каде ужива во слободното време, а селекторот Светислав Пешиќ уште не го објавил ни поширокиот список на кошаркари за Олимписките игри. Планирано е подготовките да почнат на 24 јуни во Стара Пазова.

