Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СЕ ЈАВИ СЕСТРАТА ОД СРБИЈА КОЈА СНИМАШЕ ОПЕРАЦИЈА: Тврди дека спонтано и ненамерно видеото отишло во јавност
Регион

СЕ ЈАВИ СЕСТРАТА ОД СРБИЈА КОЈА СНИМАШЕ ОПЕРАЦИЈА: Тврди дека спонтано и ненамерно видеото отишло во јавност

26/04/2023

AA

Вработената во српската болница „Народни фронт“ која снимала жени за време на операција и директно емитуваше вршење царски рез од операциона сала, се исклучила од социјалните мрежи.

Пред да се исклучи, објаснила зошто снимала. 

„Видеото е создадено ненамерно. Во ноќната смена, сите сме свесни дека употребата на мобилни телефони е забранета во салата, но кога нѐ повикаа на итен царски рез, јас само го оставив телефонот потпрен на држачот за ракавици, несвесна дека камерата е вклучена и се емитуваше во живо на Тик Ток. Пред повикот во салата, го гледавме Тик Ток и тоа беше последното нешто што остана. Од снимката се гледа дека никој во салата не знаел дека од телефонот се емитува во живо. Видеото е создадено спонтано“, рече таа. 

Вели дека освен пациентката, на видеото ја има и неа. 

„Ѝ се извинувам на пациентката чија приватност е нарушена, на семејството на пациентката како и на пошироката јавност. Веќе 14 години сум медицинска сестра – инструментарка и во текот на целиот мој работен век односот помеѓу пациентот и медицинската сестра го градам врз основа на принципите на сестринската етика и според добрите правила на професијата. Искрено жалам што имаше пренос во живо бидејќи моите активности на Тик Ток беа фокусирани главно на моето семејство, пријателите и на едукативна содржина што не содржеше лични податоци во ниту едно видео или беше во спротивност со медицинската етика. Уште еднаш повторувам дека длабоко жалам и искрено ѝ се извинувам на пациентката, на нејзиното семејство, на клиниката што ме храни, на сите мои колеги и на целата јавност“, напишала Јелена.

Српските граѓани бурно реагираа и бараат отказ за жената, затоа што снимката ги вознемирила. 

Во Тетово имаше скандал со анестезиолог кој снимал за Тик Ток, по што остана без лиценца и ќе одговара. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy