Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СДСМ за утре закажа седници на Централниот и Извршниот одбор
Македонија

СДСМ за утре закажа седници на Централниот и Извршниот одбор

08/02/2023

AA

Извршниот одбор и Централниот одбор на СДСМ утре ќе одржат седници, потврдија за МИА од партијата. Се очекува претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски да го презентира исходот од разговорите со Алијанса за Албанците за евентуално приклучување кон владејачката коалиција, како и понудата до актуелниот коалициски партнер Алтернатива со чиј лидер Африм Гаши денеска одржа средба.

Од Алтернатива не откриваат детали за исходот од разговорите помеѓу Ковачевски и Гаши и најавуваат дека одлука за натамошното делување нивните партиски органи ќе носат откако, како што велат, ќе се формализира новата коалиција.


Од АА претходно информираа дека е постигнат договор за нивен влез во владината коалиција, согласно кој партијата во идната Влада ќе има три члена и тоа министри за правда и за здравство, додека за третото место во игра се позицијата вицепремиер задолжен за економски прашања или прв човек на Министерството за информатичко општество и администрација.

Од СДСМ, пак, посочија дека разговорите околу новото парламентарно мнозинство се во тек и не е ништо конечно, но штом има нешто во интерес на јавноста ќе информираат официјално.


Според изворите во Алијансата за Албанците, партијата ќе добие и заменици министри за земјоделство, шумарство и водостопанство и за одбрана, како и двајца државни секретари, од кои едниот е во Министерството за труд и социјална политика, додека вториот ќе биде дополнително утврден. Меѓу директорските места што ќе ги добие Алијансата за Албанците се во „Пошта на Република Северна Македонија“, МЕПСО, Државниот просветен инспекторат и Агенцијата за управување со одземен имот, како и заменици-директори во Царинската управа, Управата за јавни приходи (УЈП) и ЕСМ.

Освен со Алтернатива, пред објавување на конечниот договор околу проширувањето на владиното мнозинство, како што информираа партиски извори, Ковачевски ќе одржи средба и со останатите коалициски партнери на која ќе ги информира што е договорено за влез на АА во Владата.


Според најавите, по средбата со актуелните коалициски партнери премиерот Ковачевски треба да има средба и со лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, со цел конечно да се прецизираат ресорите со кои ќе раководи партијата како нов владин партнер


TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

АКО НЕ ПОЧНЕМЕ ДА СЕ МЕНУВАМЕ НА КРАЈ ЌЕ ИСЧЕЗНЕМЕ

24/01/2026
Македонија

КРИТИКИТЕ НА ДИСКУТАНТИТЕ БИЛЕ КОНСТРУКТИВНИ И ДОБРОНАМЕРНИ Филипче задоволен од

24/01/2026
Македонија

НЕМА МЕСТО ЗА ТРОЈАНСКИ КОЊИ ВО СДСМ ИЛИ ЗА ТИЕ

24/01/2026
Македонија

Сообраќајна несреќа на регионалниот пат Тетово – с. Јажинце, три

24/01/2026
Македонија

Петровска на 31. Конгрес: СДСМ ќе исчезне, ако не се

24/01/2026
Македонија

ЗЛОУПОТРЕБЕН И ФОТОШОПИРАН ЛИКОТ НА АДВОКАТАТА ИВАНА КОЦЕВСКА НА МАРШОТ

24/01/2026
Македонија

Адвокатката Коцевска со реакција на протест во Кочани: Досегашната воздржаност

24/01/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ НЕ СЕ ОГРАДИ ОД КРИМИНАЛОТ НА КЛАНОТ ДУБАИ Од

24/01/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 40584
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

АКО НЕ ПОЧНЕМЕ ДА СЕ МЕНУВАМЕ НА КРАЈ ЌЕ ИСЧЕЗНЕМЕ Славјанка Петровска предложила политички ветинг

24/01/2026

Ако не почнеме да се менуваме, како партија ќе бидеме маргинализирани, а во крајна линија – ќе исчезнеме, порача пратеничката

КРИТИКИТЕ НА ДИСКУТАНТИТЕ БИЛЕ КОНСТРУКТИВНИ И ДОБРОНАМЕРНИ Филипче задоволен од исходот на Конгресот

24/01/2026

Лидерот на СДСМ Венко Филипче смета дека денешниот Конгрес бил успешен од аспект дека бил усвоен извештајот за локалните избори

НЕМА МЕСТО ЗА ТРОЈАНСКИ КОЊИ ВО СДСМ ИЛИ ЗА ТИЕ ШТО СЕДАТ НА ДВЕ СТОЛЧИЊА

24/01/2026

Вратите на СДСМ се отворени за секој чесен човек. Но нема место за тројански коњи, за оние што седат на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy