Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СДСМ: Тошковски да не ги штити неговите началници – за трагедијата во Кочани мора да има одговорност
Македонија

СДСМ: Тошковски да не ги штити неговите началници – за трагедијата во Кочани мора да има одговорност

22/04/2025

AA

Изминуваат 37 дена од трагедијата во Кочани, а наместо вистинска правда и одговорност сведоци сме на селективна истрага и молк за одговорноста на актуелните функционери од ДПМНЕ и началниците кои ги има поставено Тошковски, велат од СДСМ во соопштение до јавноста.

„Како е можно истрагата целосно да ги игнорира службениците, началниците, раководителите на различни позиции во СВР Штип и ОВР Кочани кои на 16 март 2025 година – на денот на пожарот – имале директна одговорност да спречат трагедија, но тоа не го направиле?

Седум командири, началници и заменик-командири на полицијата  имале јасни законски надлежности, за безбедноста на просторот, за присуството на малолетници,  за употреба на пиротехничките средства. 

Полицијата присуствувала во објектот, видела малолетници, видела пиротехника, видела поголем број присутни а не презела ништо.

Ако тие постапеле, трагедијата ќе можела да биде спречена. Животи ќе беа спасени.

Се поставуваат прашањата:

-Зошто началничката на ОВР Кочани, Марија Цветковска Маневска, не е дел од истрагата, иако лично била надлежна за безбедноста во Кочани?

-Зошто не е опфатен началникот на крим-полицијата во Кочани, Томо Донев?

-Зошто Сашо Тасев, началникот на СВР Штип, како и раководителите на крим полицијата во Штип не се опфатени со истргата?

Дали ова не е намерна заштита на кадрите што ги именувал Тошковски?

Истрагата не смее да биде политичка операција на прикривање и спасување кадри на ДПМНЕ и затоа Тошковски треба да поднесе оставка а истрагата да се прошири со актуелни функционери кои на денот на трагедијата биле на позиции.

Болката на семејствата не смее да се дозволи да биде поголема со селективна правда, тоа е неправда. 

СДСМ ќе продолжи да се бори за целосна и правична истрага – без заштита на актуелни функционери. Мора да им одговорност, мора да има правда за Кочани“, велат од СДСМ.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy