Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СДСМ: Со Трипуновски и ДПМНЕ на земјоделците им е многу полошо – ВМРО-ДПМНЕ: Земјоделците во Трипуновски и Владата гледаат вистински партнер
Македонија

СДСМ: Со Трипуновски и ДПМНЕ на земјоделците им е многу полошо – ВМРО-ДПМНЕ: Земјоделците во Трипуновски и Владата гледаат вистински партнер

02/03/2025

AA

Од опозициската СДСМ обвинуваат дека во изминативе 8 месеци Владата на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ целосно ги разочарала земјоделците и ги оставила сами.

„Трипуновски покажа како може да се блокира откупот на ориз кој како никогаш досега остана неоткупен со одземање на лиценци за откуп на фирмите. Излажа дека ќе воведе мерка која ќе се однесува на откупувачите и за 1.000 кг откупена и извезена оризова арпа откупувачите ќе добијат 6.000 денари. Досега нема таква мерка. Покажа како се блокираат законите во собранието а преку измените во овие  закони за земјоделство ќе се овозможеше поголема финансиска поддршка на земјоделските задруги. Високите цени во лозарството се заслуга на СДСМ, со донесениот нов закон за виното. Факт е дека сите програми и политики кои ги критикуваа ДПМНЕ и Трипуновски како опозиција додека денес полни им се устите како нивно достигнување. Тоа земјоделците најдобро го знаат. ДПМНЕ зборува за развој на сточарството а ги намали субвениите кај кравите од 12.000 дена по крава на само 8.000 денари. Со ДПМНЕ на земјоделците им е само полошо. Едно е јасно а тоа дека ДПМНЕ ниту знае ниту има развојна програма за развој на земјоделството“, велат од СДСМ.

На ова реагираа од ВМРО-ДПМНЕ, кои велат дека ги боли работата на министерот Цветан Трипуновски и владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

„Оваа Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ посветено работи за доброто на земјоделците. Изминативе неколку месеци се постигна највисока откупна цена за грозјето, со што производната цена на килограм грозје Вранец беше зголемена за 25% и изнесуваше 20,8 ден./кг, додека производната цена на килограм грозје Смедеревка изнесуваше 18,3 ден./кг. Откупната цена за тутун се зголеми од 375 на 400 денари за откупен тутун прва класа, додека пак субвенцијата за првата класа на тутун од 80 денари се покачи на 100 денари. Поради лошите политики на СДС, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Владата на ВМРО-ДПМНЕ излегоа во пресрет на орзопроизводителите и се одделија дополнителни 6 денари за откупена килограм оризова арпа од реколта 2024 година. За какви субвенции говори СДС, за оние што им ги должеше на земјоделците со години? По самото доаѓање на ВМРО-ДПМНЕ на власт се исплатија сите заостанати субвенции кои што им ги должеше Владата на СДС. Субвенциите за сточарите се покачени, а за тоа од СДС можат да си најмат и математичар кој ќе им пресмета. Незаинтересираноста на Николовски и СДС, Македонија ја направија увозно зависна земја за храна. Со работа и добра стратегија, министерот Трипуновски и Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ земјоделството ќе го вратат на пиедесталот. Македонија повторно ќе стане извозник на земјоделски производи. Земјоделците во оваа Влада гледаат сериозен партнер“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy