Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СДСМ: Со нас растат платите и пензиите, се грижиме за стандардот на граѓаните
Македонија

СДСМ: Со нас растат платите и пензиите, се грижиме за стандардот на граѓаните

18/03/2023

AA

Од СДСМ велат дека тие спроведуваат успешни, навремени и ефикасни мерки и политики за заштита и унапредување на стандардот на граѓаните.

„Со СДСМ растат платите и пензиите. Минималната плата од март се покачува на 20.175 денари.

Таа континуирано се зголемува од 2017 година кога изнесуваше 8.900 денари, а во некои сектори и само 6.000 денари.

Пензионерите со мартовската пензија добиваат историски највисоко покачување на пензиите за 8,4 проценти, со што просечната пензија се зголемува од 17.666 на 19.150 денари.

Благодарение на системските решенија и методологиите постигнати низ дијалог со сите зсегнати страни минималната плата и пензиите се усогласуваат со растот на просечната плата и трошоците за живот, со што заврши ерата на политички влијанија и калкулации, уцени и притисоци за зголемување на минималната плата и на пензиите.

Покрај континуиран раст на минималната плата и на пензиите, СДСМ ги заштитува граѓаните од ценовни шокови во време на светска економска криза.

Цената на тестенините се намали за 15 отсто, додека цената на млекото и млечните продукти се намали за 10 отсто. Претходно цената на белиот и полубелиот леб беше замрзната на 33 денари за векна.

СДСМ продолжува со вистинска грижа за сите граѓани“, велат од СДСМ.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НАМЕСТО ДА ОБЈАСНИ ЗОШТО БИЛ КАЈ ЗАЕВ, ФИЛИПЧЕ ЗБОРУВАШЕ ДЕКА

13/02/2026
Македонија

ЗОШТО ДОЗВОЛИЛЕ ОДГЛЕДУВАЊЕ КАНАБИС НА ОТВОРЕНО? Филипче жестоко го брани

13/02/2026
Македонија

СО ТРЕНДАФИЛОВ НИ Е ЗАЕДНИЧКО САМО ТОА ШТО НÈ ПРАТАТ

12/02/2026
Македонија

НÈ ЧЕКА ВРНЕЖЛИВ ВИКЕНД И ЗАЛАДУВАЊЕ Продолжува променливото време

12/02/2026
Македонија

Касами: Сè додека Беса учествува во Владата како дел од

12/02/2026
Македонија

БЕСА ГО ОТВОРИ ПАТОТ ЗА СПОЈУВАЊЕ ВО ПАРТИЈА „ВРЕДИ“ Движењето

12/02/2026
Македонија

Година на странски туристи: Туризмот во Македонија со раст од

12/02/2026
Македонија

Дефект на водовод блокираше пат: Свлечиште го отсече селото Татар

12/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41397
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НАМЕСТО ДА ОБЈАСНИ ЗОШТО БИЛ КАЈ ЗАЕВ, ФИЛИПЧЕ ЗБОРУВАШЕ ДЕКА ГО СЛЕДЕЛЕ Петрушевски има 3

13/02/2026

Наместо да објасни зошто по скандалот со запленетата марихуана заминал во Грција на „консултации” кај неговиот ментор Заев, лидерот на

ЗОШТО ДОЗВОЛИЛЕ ОДГЛЕДУВАЊЕ КАНАБИС НА ОТВОРЕНО? Филипче жестоко го брани менторот, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

13/02/2026

Лидерот на СДСМ Венко Филипче да каже зошто со неговиот претходник Зоран Заев дозволиле одгледување на канабис на отворено спротивно

СО ТРЕНДАФИЛОВ НИ Е ЗАЕДНИЧКО САМО ТОА ШТО НÈ ПРАТАТ СЛУЖБИТЕ Филипче има идеја како

12/02/2026

  Лидерот на СДСМ Венко Филипче во интервју за Канал 5 вели дека нема комуникација ниту координација со претседателот на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy