
СДСМ прашува: Кој дозволи 5 тони дрога да помине граница?
Од СДСМ велат дека МВР денеска соопштиле дека заплениле 40 тони марихуана, шишиња произведено масло од канабис и биомаса во Македонија но, како што велат, не одговориле на клучното прашање: Кој дозволи 5 тони дрога да помине преку македонската граница?
„Власта тера медиумската кампања во Македонија за дефокус.
Зошто не одговара МВР, зошто се молчи?
За да се пренесат 5 тони дрога потребни се многу камиони. 5, 10, 15 можеби.
Како е можно толку многу камиони да поминат преку граница и досега никој да не одговара во МВР, во Царина и во ниту една друга институција?
Началници, раководители, службеници, инспектори, министри. Без поддршка од структури високо во власта, во МВР, во Царина, во други институции, не може да се шверцуваат тони дрога преку граница.
Наместо да бега од одговорноста МВР да одговори на прашањето:
Кој дозволи 5 тони дрога да се шверцува преку граница и кој ќе одговара?“, вели СДСМ

