Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СДСМ повторно го поднесе Законот за поддршка на настраданите во Кочани
Македонија

СДСМ повторно го поднесе Законот за поддршка на настраданите во Кочани

22/05/2025

AA

Денеска Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и коалицијата повторно го поднесовме предлог Законот за поддршка и рехабилитација на настраданите во несреќата во дискотеката во Кочани овој пат по редовна постапка, изјави Оливер Спасовски – координатор на пратеничката група на СДСМ и коалицијата.

„Сакаме да испратиме јасна порака дека ова не е политички закон туку ова е човечки закон. Овој закон не смее да биде предмет на дневно-политички калкулации и тој треба да биде предмет на општествена советст, морална обврска и праведна грижа кон оние кои најмногу страдаат.

Во оваа трагедија изгубивме 62 млади животи, над 200 наши сограѓани се повредени и некои од нив имаат и трајни последици, тие  неможат да чекаат ниту да бидат заборавени.

Законот предвидува конкретна поддршка финансиска здравствена поврзана социјална за настраданите лица и членовите на нивните семејства.

Претходно законот го поднесовме во скратена постапка и не доби поддршка од мнозинството во парламентот. Ги слушнавме забелешките на парламентарното мнозинство дека треба да има поголема прецизност дека треба подобра проценка на фискалните импликации дека се потребни одредени технички корекции на законското решение и токму во оваа законско решение ги опфативме сите тие забелешки кои што беа досега дадени.

Меѓутоа имаме и втора можност а тоа е во редовната постапка да се дебатира законот да се дебатира, да се поправи, да се доуреди доколку за тоа има потреба во амандманската работа.

Овој предлог-закон предвидува за семејствата на починатите надомест од 80.000 евра додека пак сите оние коишто се со повреди зависно од степенот на инвалидитето да се одреди и сумата којашто треба да ја добијат.

И во суштина практично се олеснува пристапот до институциите, здравствена, социјална психолошка и секаква друга поддршка која што ќе им треба, трудова итн на семејствата.

На овој начин да овозможиме да не се губи време преку системот туку на еден консолидиран начин да можеме да помогнеме на овие семејства и да покажеме дека навистина сме солидарни и дека можеме да излеземе во пресрет.

Секако прифативме тоа што требаше да биде поправено во законот меѓутоа не можеме да прифатиме една работа а тоа е одложувањето и игнорирањето на овој проблем. Затоа што веќе неколку месеци по несреќата не можат луѓето да чекаат без поддршка, ниту пак родителите. Затоа што е важно институционалната поддршка да биде на соодветно ниво.

Повредените лица не се само статистика, тоа се млади луѓе, ученици, тоа се семејства чии што живо преки и нивната борба за закрепнување треба да биде борба на сите нас. Би додал тука дека ние треба да имаме борба и за закрепнување на градот Кочани.

Затоа ги повикувам сите пратеници во собранието без разлика дали се од партии на парламентарното мнозинство или од парламентарната опозиција да се покаже зрелост, да покажеме дека ова не е натпревар помеѓу партиите туку дека е испит за емпатија и хуманост којшто ќе го положиме. Да покажеме дека пред се луѓе дека знаеме да бидеме луѓе во тешки моменти тогаш кога непотребна поддршка на сите“, вели Спасовски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НАМЕСТО ДА ОБЈАСНИ ЗОШТО БИЛ КАЈ ЗАЕВ, ФИЛИПЧЕ ЗБОРУВАШЕ ДЕКА

13/02/2026
Македонија

ЗОШТО ДОЗВОЛИЛЕ ОДГЛЕДУВАЊЕ КАНАБИС НА ОТВОРЕНО? Филипче жестоко го брани

13/02/2026
Македонија

СО ТРЕНДАФИЛОВ НИ Е ЗАЕДНИЧКО САМО ТОА ШТО НÈ ПРАТАТ

12/02/2026
Македонија

НÈ ЧЕКА ВРНЕЖЛИВ ВИКЕНД И ЗАЛАДУВАЊЕ Продолжува променливото време

12/02/2026
Македонија

Касами: Сè додека Беса учествува во Владата како дел од

12/02/2026
Македонија

БЕСА ГО ОТВОРИ ПАТОТ ЗА СПОЈУВАЊЕ ВО ПАРТИЈА „ВРЕДИ“ Движењето

12/02/2026
Македонија

Година на странски туристи: Туризмот во Македонија со раст од

12/02/2026
Македонија

Дефект на водовод блокираше пат: Свлечиште го отсече селото Татар

12/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41397
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НАМЕСТО ДА ОБЈАСНИ ЗОШТО БИЛ КАЈ ЗАЕВ, ФИЛИПЧЕ ЗБОРУВАШЕ ДЕКА ГО СЛЕДЕЛЕ Петрушевски има 3

13/02/2026

Наместо да објасни зошто по скандалот со запленетата марихуана заминал во Грција на „консултации” кај неговиот ментор Заев, лидерот на

ЗОШТО ДОЗВОЛИЛЕ ОДГЛЕДУВАЊЕ КАНАБИС НА ОТВОРЕНО? Филипче жестоко го брани менторот, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

13/02/2026

Лидерот на СДСМ Венко Филипче да каже зошто со неговиот претходник Зоран Заев дозволиле одгледување на канабис на отворено спротивно

СО ТРЕНДАФИЛОВ НИ Е ЗАЕДНИЧКО САМО ТОА ШТО НÈ ПРАТАТ СЛУЖБИТЕ Филипче има идеја како

12/02/2026

  Лидерот на СДСМ Венко Филипче во интервју за Канал 5 вели дека нема комуникација ниту координација со претседателот на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy