Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СДСМ: Нема средба со криминалци, сите што ќе одат на средба со Мицкоски стануваат соучесници во легитимирање на криминалот и корупцијата
Македонија

СДСМ: Нема средба со криминалци, сите што ќе одат на средба со Мицкоски стануваат соучесници во легитимирање на криминалот и корупцијата

14/01/2026

AA

„Средба со криминалци нема да има. СДСМ останува со граѓаните, на вистинската страна“, порача денеска генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, на прес-конференција по повод средбата и обидите за укинување на техничката влада.

Тој нагласи дека „сите што денеска ќе одат на средба со Мицкоски за укинување на техничката влада стануваат соучесници во легитимирање на криминалот и корупцијата, во анти-ЕУ кампањата за изолација на земјата, во планот за предвремени избори и мигранти за пари“.

„Тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ не сака дијалог, туку алиби за распишување на предвремени избори кои веќе им се договорени. Не сакаат реформи за ЕУ, туку покритие за намерна изолација на земјата“, истакна Димитријевиќ.

Генералниот секретар на СДСМ додаде дека власта е во паника бидејќи се разоткриени коруптивните шеми.

„Им се брза – им ја откривме корупцијата, им ги разоткривме плановите за мигранти, а во буџетот нема пари. Сакаат да ја укинат техничката влада затоа што не сакаат опозицијата да влезе во министерствата, да не се види што сè правеле со трошењето на парите на граѓаните на Македонија“, потенцираше тој.

Димитријевиќ нагласи дека Антикорупцискиот тим на СДСМ досега објавил само дел од скандалите.

„Антикорупцискиот тим на СДСМ изнесе само дел од работите и скандалите, можете само да замислите што сè се случува таму. Затоа не сакаат да ја пуштат опозицијата во министерствата. Тоа е главниот проблем. Покрај 161 тендер за една фирма, 51 тендер за друга, 9 милиони евра тендери за трета и 1,2 милиони евра тендери во Пошта, може само да замислите што сè се прави“, додаде тој.

Тој предупреди и на целосната партизација на институциите: „Злоупотребата на полицијата по целосната партизација е инструмент за притисок, закани и уцени, но и за заштита на криминалци“.

Димитријевиќ истакна дека во буџетот недостасува една милијарда евра и дека власта „ги пополнува дупките со постојано трупање нови долгови“.

„Сè е веќе јасно. Техничката влада мора да остане. Таа е единствената шанса, единствениот обид за некакви минимални услови за фер избори“, нагласи генералниот секретар на СДСМ.

Тој обвини дека актуелната власт „ги злоупотребува институциите и државните ресурси за партиски и криминални цели“, врши притисок врз судството, носи измени на Кривичниот закон за спас на функционерите и ја злоупотребува полицијата, додека истовремено се носат резолуции „со кои практично се укинува слободата на говорот на опозицијата“.

„Заклучокот е едноставен – не се созреани условите за укинување на техничката влада поради криминалната власт. Опозицијата мора да влезе во техничката влада и да се обиде да обезбеди барем малку услови за фер избори. Техничката влада мора да остане. Ако ја укинат техничката влада, ќе ја убијат и онаа малку шанса што постои за фер избори. Тоа не смееме да им го дозволиме. Заедно ќе ја вратиме власта во рацете на граѓаните“ рече Александар Саша Димитријевиќ, генерален секретар на СДСМ.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

04/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

04/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy