Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СДСМ: Наместо неселeктивна правда за Кочани- МВР гони млади за Фејсбук статуси
Македонија

СДСМ: Наместо неселeктивна правда за Кочани- МВР гони млади за Фејсбук статуси

08/04/2025

AA

СДСМ денеска одржа прес-конференција на која портпаролката Богданка Кузеска остро реагираше на, како што рече, притисоци врз младите кои бараат правда за трагедијата во Кочани, наместо одговорност за институционалните пропусти.

„Изминаа четири недели од трагедијата во дискотеката ‘Пулс’, а истрагата сè уште не дава одговори на клучните прашања – кој е одговорен за пожарот и за безбедносните пропусти?“, изјави Кузеска.

Таа нагласи дека и по речиси еден месец, ниту еден функционер од МВР, од ОВР Кочани, СВР Штип или БЈБ не е повикан на распит или опфатен со постапка. Наместо тоа, Министерството за внатрешни работи, според неа, води постапки против граѓани поради статуси на Фејсбук и учество во протести.

„Дури и младите кои протестираа во Кочани, изразувајќи револт за загубените животи на своите другари и другарки, добиле кривични пријави. Ова ли е правдата?“, праша таа.

СДСМ побара итен прекин на ваквите, како што ги нарече, притисоци врз граѓаните кои бараат одговорност. „Младите не се непријатели – тие се совеста на ова општество“, порача Кузеска и додаде дека слободата на говор не смее да биде мета на репресија.

Партијата побара вклучување на Хелсиншкиот комитет и други организации за човекови права, апелирајќи за јасна и неселективна истрага. „Граѓаните заслужуваат вистина и правда – не молк и страв“, рече Кузеска.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Нови Сад му оддава почест на македонскиот научник Васко Саздовски

05/02/2026
Македонија

НЕМА КОМПРОМИС ЗА ВОЗЕЊЕ БЕЗ ДОЗВОЛА Премиерот задоволен од резултатите

05/02/2026
Македонија

Голема полициска акција во Скопје, се конфискуваат десетици тони дрога

05/02/2026
Македонија

Мицкоски: Барањето на ССМ е популистичко и неуставно, платите на

05/02/2026
Македонија

ЕУ ја повикува Македонија да не чека повеќе за уставни

05/02/2026
Македонија

Ќе се мапираат 150 „црни точки“ нив Скопје – започнува

05/02/2026
Македонија

ИЗБОРИ ЌЕ НЕМА, ФОКУСОТ Е НА РЕФОРМИТЕ Мицкоски со јасна

05/02/2026
Македонија

Мицкоски: Мислам дека уште вечерва граѓаните ќе слушнат нешто катастрофално

05/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41089
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Нови Сад му оддава почест на македонскиот научник Васко Саздовски – амфитеатар ќе го носи

05/02/2026

Институтот „Биосенс“ во Нови Сад утре свечено ќе го отвори амфитеатарот кој ќе го носи името на Васко Саздовски, истакнатиот

НЕМА КОМПРОМИС ЗА ВОЗЕЊЕ БЕЗ ДОЗВОЛА Премиерот задоволен од резултатите на „Безбеден град“

05/02/2026

Со воведувањето на системот „Безбеден град“ за контрола на сообраќајот, бројот на сообраќајни незгоди е преполовен, а од почетокот на

Голема полициска акција во Скопје, се конфискуваат десетици тони дрога

05/02/2026

Голема полициска операција е во тек во просториите на фирмата „Алфа Фарм“, лоцирана во поранешната фабрика Охис. Акцијата доаѓа како

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy